Драмски театар Скопје, на театарскиот фестивал „Театар на раскршќу“ во Ниш освои две престижни награди. Награда за најдобра претстава и награда за режија.Наградата за најдобра претстава My Name Is Goran Stefanovski – „Се викам Горан Стефановски“ ја доделува жирито на Тркалезната маса на критика, додека наградата за режија ја доделува Стручното жири на Фестивалот.
Драматург на претставата My Name Is Goran Stefanovski – „Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар Скопје, е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“).Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.