Turlitava.com

Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ се во продажба – спектакл на 26 февруари во „Борис Трајковски“

Билетите за најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“, кое оваа година ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“, се веќе пуштени во продажба.

Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација и овој пат на сатиричен и музички начин ќе ја раскаже приказната за изминатата 2025 година, со учество на најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот.

Организаторите најавуваат уште едно спектакуларно издание и ги повикуваат љубителите на музиката и сатирата да бидат дел од настанот, ветувајќи врвна продукција и незаборавна атмосфера.

Посебна атракција оваа година е најавата дека за првпат на „Златна бубамара“ ќе настапи голема светска музичка легенда, со респектирачко музичко портфолио, чиј идентитет ќе биде откриен десет дена пред самиот настан.

„Ве очекуваме со целата расположлива механизација и со целата наша организација – подготвени за уште едно незаборавно дружење“, порачуваат организаторите.

Exit mobile version