Turlitava.com

„Твитер“ ќе го смени логото со сината птица во „Х“

Сопственикот на „Твитер“, американскиот милијардер Илон Маск, објави дека логото на платформата во форма на сина птица наскоро ќе биде заменето со црно-бело лого „Х“ а твитовите отсега натаму ќе се нарекуваат Икс-ес (Хs).

Маск на Твитер напиша дека доколку се инсталира доволно добро, новото лого „X“, ќе биде објавено низ светот деновиве, но не даде дополнителни детали, објави „Ројтерс“.

Компанијата „Мета“, која ги поседува Инстаграм и Фејсбук, овој месец ја лансира новата социјална мрежа Тредс, која му е директен конкурент на Твитер. Маск го купи Твитер во октомври минатата година за 44 милијарди долари.

Exit mobile version