Turlitava.com

Тони Зен, Реља, Бресквица, Таско и THCF со голем концерт во Охрид

Веќе добро знаете дека најпопуларните музички имиња од регионалната сцена, во периодот кој што следува, односно на 27-ми и 28-ми јули ќе ја забавуваат многубројната публика на „Билјанини извори” во Охрид.

На 27-ми јули (среда) на сцената на „Билјанини извори” ќе застане Реља Поповиќ – момче кое јавноста ширум регионов го запозна преку составот Елитни одреди, за по неколку години поминати во бендот да се испроба и во соло водите. Тој успеа да остане скромен и доследен, па токму поради тоа е и омилен кај публиката.

Истата вечер, на Реља ќе му се придружи и Таско кој себеси се смета како слободен дух, бидејќи со години го прави она што го прави среќен, држи широк поглед кон светот, има јасна визија и знае што сака.

Веќе следниот ден, односно на 28-ми јули (четврток) сцената ќе ја делат српското рап дуо THCF, тинејџ ѕвездата Бресквица, како и нашиот Тони Зен.

Почеток 21ч. Бидете таму!

Карти online на www.kupikarta.com

Југотон, Розе Веро 2 и во Охрид

Exit mobile version