Статистиката покажува дека луѓето родени во овие три хороскопски знаци во просек живеат подолго од другите знаци.
Најдолго живеат родените во знакот Рак, а потоа Овенот и Девицата.
Луѓето родени во знакот Рак често живеат до длабока старост, а за тоа има многу причини. Покрај тоа што Раковите сакаат да водат здрав живот, тие се и мотивирани да се трудат да живеат подолго за да останат што е можно подолго со своите сакани, особено со децата, и да се грижат за нив, бидејќи се многу посветени на нивното семејство и се грижливи луѓе.
Девиците се долговечни благодарение на уредниот начин на живот и грижата за своето здравје.
За многу Девици, правилното јадење и вежбањето е начин на живот и не можат да замислат да живеат на друг начин. Покрај тоа, Девиците се многу мирни, а општо е познато дека помал стрес значи подолг живот.
Од сите знаци во хороскопот, Овенот има најголема страст за животот, што очигледно е добра основа за долговечност. Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго од сите знаци во хороскопот, потврдува и официјалната листа на најдолговечни луѓе во светот, која се одржува од 1955 година и е подготвена од организација наречена Геронтолошка истражувачка група.
Меѓу 59-те луѓе на листата има најмногу родени во знакот Рак (8), потоа Девица (7) и Овен (7).