Turlitava.com

Според „Taste Atlas“ Грција е избрана за земја со најдобра кујна за 2024 година

Популарниот гастро-водич „Taste Atlas“ неодамна ја објави годишната листа на најдобрите кујни во светот. На првото место се најде грчката кујна. Најдобро оценетите кујни во светот се рангирани според просечните оцени на најдобрите јадења и прехранбени производи од секоја земја.

Грција годинава е на првото место, додека Италија го зазеде второто место. Третото место ѝ припадна на мексиканската кујна, додека на четвртото и петтото место се шпанската и португалската кујна, според податоците од веб-страницата „Taste Atlas“.

Оваа веб-страница ја објави и листата на најдобрите јадења во Грција. На првото место на оваа листа е „саганакито“, популарно грчко предјадење каде различни видови зеленчук, месо или морски плодови, како што се ракчиња или школки, се завиткуваат во сирење, а потоа се пржат.

На листата на најдобрите јадења се најде и јагнешкиот котлет на скара, традиционално грчко јадење кое е популарно низ целата земја. Јагнешките котлети обично се маринираат во различни комбинации на маслиново масло, сок од лимон и свежи зачински билки пред да се испечат на скара.

На листата има и многу други грчки јадења и десерти, па може да се каже дека Грција заслужено ја понесе престижната титула како земја со најдобра кујна во светот.

Exit mobile version