Turlitava.com

Слушнете како звучи во живо хитот на Аца Лукас и Драгана Мирковиќ отпеан од златните грла на Анета Молика и Јане од Фидбек Бенд

На почетокот на месец септември, во еден елитен скопски ресторан златните грла ги споија Анета (екс Молика) Љумаковска и Јане Славов заедно со реномираниот музички состав „Фидбек Бенд“ кои ги изненадија младите и за првиот свадбен танц им го отпеаја големиот хит „Сад и заувек“ од Аца Лукас и Драгана Мирковиќ.

Видеото од заедничкиот настап Анета и Јане го објавија на своите профили на социјалната мрежа „Инстаграм“ и добија бројни позитивни коментари од своите пријатели и фанови. Меѓу коментарите има и такви кои сметаат дека нивната изведба е подобра дури и од оригиналот, но за вкусови нема да коментариме, погледнете го видеото во продолжение.

Инаку хитот „Сад и заувек“ на Аца Лукас и Драгана Мирковиќ е објавен на крајот од 2021 година и од тогаш важи за една од најбараните песни кога се приватните прослави во прашање, а Анета и Јане  Досега само на Јутјуб платформата брои повеќе од 30 милиони прегледи. Музичкиот состав „Фидбек Бенд“ чиј фронтмен е токму Јане Славов важи за еден од најдобрите, но и најбарани. Тие имаат преку 100 приватни прослави во сезоната на свадби (мај-септември секоја година).

Exit mobile version