Turlitava.com

Ресторани Сидро – Селектирањето на отпадот е само еден од чекорите кои ги преземаме за да ја исполниме нашата еко заложба

Рестораните „Сидро“ се еден успешен еко пример кој што се издвојува од другите затоа што целосно ја прифаќаат и ја нагласуваат еколошката свесност во секој аспект од своето работење – од набавката и подготовката на храната, 100% селектирање на амбалажниот отпад, па се’ до секојдневното работење на ресторанот и користењето на енергија и природни ресурси – со што овие ресторани активно го намалуваат „јаглеродниот отпечаток“ кој го оставаат зад себе со својата работа. Над 8 тони стаклeна амбалажа годишно се селектира и се носи на рециклирање, преку системот на Пакомак.

Угостителските објекти како „Сидро“, благодарение на непрофитната организација Пакомак и проектот “Are You Recycling”  имаат можност да го селектираат стаклениот амбалажен отпад, кој потоа се собира и пренесува во фабрики за рециклирање на стакло. На овој начин се собира неповратната стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња која во спротивно би завршила во депонии кои што имаат ограничен капацитет. Со овој проект веќе години наназад угостителските објекти од земјава имплементираат еколошки практики, кои во најмала рака го намалуваат нивниот негативен ефект кон природата.

„Сидро“ и „Сидро 2“ се познати рибни ресторани во Скопје чие мени содржи широка понуда на секаков вид свежо подготвена, вкусна и квалитетна морска храна за која луѓето од земјава се спремни да допатуваат до главниот град за да ја пробаат. А сепак, иако се најпрепознатливи по вкусната храна и морските специјалитети, во последните години овој ланец ресторани почна да станува популарен и по својата еко-заложба за заштита на животната средина и одговорно однесување со околината. Ресторанот Сидро 2 со својата градина не само што го разубавува овој дел од градот, создава мала оаза сред бетонската џунгла, а истовремено и не загадува.

Секој локал од угостителската дејност е корисник на пластични пакувања и амбалажи, но не е кај секого исто нивото на еколошка свест и поради тоа се разликуваат начините на кој истата таа пластика се одложува. Во случајот на скопските рибни ресторани „Сидро“, правилното одложување на пластиката, стаклото и останатиот амбалажен материјал е приоритет и еден од темелите на кои се основа нивната еколошки одговорна пракса.

„Било кој претприемач што се занимава со подготвување на храна мора да биде свесен за важноста на природните ресурси, за животната средина и за начините на кои може да ги зачуваме истите. Затоа, тука во рестораните ‘Сидро’, еколошката свест инсистираме да биде на високо ниво, за секој да ја разбере неговата одговорност кон природата. Селектирањето на отпадот е само еден од чекорите кои ги преземаме за да ја исполниме нашата еко заложба“, вели сопственикот на Сидро.

Како ресторани кои имаа капацитет од повеќе од 200 гости, сосем очекувано, „Сидро“ користи многу пластични и стаклени амбалажи во текот на еден ден. Но, во духот на еколошката свесност и одговорната практика, искористените амбалажи се селектираат, одложуваат и завршуваат во соодветните канти и на тој начин влегуваат во рециклажната мрежа. Дури и сопствениците на „Сидро“, кои силно стојат зад својата заложба за еколошки одговорно работење, нагласуват колку е тоа важно за претприемачите од угостителската гранка.

Рестораните „Сидро“ користат и фотоволтаичен систем за електрична енергија, кој помога да се работи енергетски ефикасно и да се намали потрошувачката на природни ресурси, а истовремено и да заштеди и да го намали негативниот ефект врз околината. Рестораните „Сидро“ и „Сидро 2“ се меѓу најактивните селектирачи на амбалажен отпад помеѓу бизнисите во земјава.

Exit mobile version