Четири хороскопски знаци се познати по тоа што во расправиите стануваат немилосрдни и удираат таму каде што најмногу боли. Тоа се Овен, Бик, Лав и Скорпија.
Овен е импулсивен и нестрплив, лесно се лути и без двоумење започнува расправија, често кревајќи глас и користејќи груби зборови. Тврдоглав е и не забележува дека ги повторува истите грешки.
Бик е тврдоглав и убеден дека секогаш е во право. Не поднесува кога некој ќе му противречи, па во бес може да стане застрашувачки.
Лав сака да доминира во врската и постојано да биде во центарот на вниманието. Ако партнерот не му посвети доволно внимание или му се спротивстави, Лав ќе реагира бурно и ќе започне расправија.
Скорпија е емотивна и лесно се навредува. Кога ќе ја изгуби контролата, користи ниски удари во расправијата и не бира зборови за да ја повреди другата страна.
Расправиите со овие знаци може да бидат бурни и интензивни, бидејќи тие често не избираат средства за да победат.