Turlitava.com

Направете ефикасен спреј против комарци! Потребен ви е само еден портокал

Кора од портокал и малку вода ќе бидат доволни за да се направи одличен спреј против комарци.

Се чини дека сите комарци на овој свет само чекаат да дојде летото за да можат да ги нервираат луѓето. Освен што е непријатно само за да го слушате нивното зуење, убодот може да биде и многу непријатен.

Некои луѓе имаат и некаква алергиска реакција, па на местото на убодот се појавуваат големи црвени траги кои, секако, истовремено и чешаат.

Иако постојат различни препарати за заштита, можете да пробате и природен лек, за кој ви е потребен само еден портокал.

Се што треба да направите е да исечете кора од портокал и да ја ставите во вода да зоврие. Откако ќе зоврие, истурете ја водата во распрскувачот и оставете да се излади (доколку има потреба можете и да ја прецедите).

Попрскајте се со овој сок од портокал и нема да ги ни почувствувате комарците.

Единствено на што треба дополнително да внимавате е по употребата на спрејот да не бидете изложени на директна сончева светлина 48 часа, бидејќи кората од цитрус содржи фототоксични состојки, кои во комбинација со сонцето ја оштетуваат кожата и создаваат темни дамки.

Exit mobile version