Turlitava.com

Највисоката температура во историјата на Европа забележана на 11 август 2021 година! Нема да верувате каде е срушен морничавиот рекорд

Температура од 48,8 степени Целзиусови е измерена во Италија, поточно на Сицилија и таа бројка ја понесе титулата највисока забележана температура во Европа во историјата.

Метеоролошката агенција на Обединетите нации (ОН) потврди дека температурата од 48,8 степени Целзиусови прочитани на Сицилија пред повеќе од две години е највисоката температура забележана во историјата на Европа.

Светската метеоролошка организација објави дека оваа температура на Сицилија е забележана на 11 август 2021 година, во време кога температурите во голем дел од Европа биле во пораст, пренесува АП. Таа температура го надмина претходниот европски рекорд од 48 степени Целзиусови, што беше забележан во грчките градови Атина и Елефсина во јули 1977 година.

Рандал Сервени, кој известува за климатските и временските екстреми до Светската метеоролошка организација, рече дека потврдата за оваа температура уследила по долгата истрага која барала „внимателна анализа“ од агенцијата.

– Оваа анализа ја потврдува алармантната тенденција на нови рекордно високи температури во одредени делови од светот – рече во приликата Сервени.

Минатата година, како што објави Службата за климатски промени „Коперник“ на почетокот на месецот, беше најтоплата откако се измерени глобалните температури во 19 век, а најверојатно и во последните 100.000 години.

Exit mobile version