Месечината во Рак е во својата природна позиција, бидејќи токму таа владее со овој знак. Оваа поставеност носи исклучително длабоки емоции, силна интуиција и цврста поврзаност со семејството, домот и минатото. Најголемо влијание ќе има врз Раковите, Рибите и Скорпиите.
Луѓето со Месечина во Рак често се многу чувствителни, грижливи и емпатични, но можат да бидат и повлечени или премногу носталгични.
Ранливост и сочувствителност
Тие длабоко ја чувствуваат атмосферата околу себе и лесно ги впиваат емоциите на другите, што ги прави исклучително сочувствителни, но и ранливи. Нивната сигурност зависи од стабилноста во приватниот живот, а домот им е светилиште. Се чувствуваат најудобно кога се опкружени со саканите и кога имаат можност да се грижат за другите.
Сепак, оваа позиција на Месечината може да донесе и прекумерна чувствителност, променливо расположение и склоност кон повлекување во својата „заштитна школка“ кога се чувствуваат повредени. Исто така, тешко се одвојуваат од минатото и носталгично се држат до старите спомени.
Лојалност
Во љубовта се нежни и верни, бараат партнер кој им нуди емотивна сигурност. Кога сакаат, сакаат длабоко и без задршка, но ако се почувствуваат несигурно, можат да станат премногу приврзани или посесивни.
Месечината во Рак е одлична за сите што се занимаваат со нега, уметност, семеен бизнис или било која професија каде што емоциите и грижата за другите се од клучно значење.
Да потсетиме, затемнувањето на Месечината не очекува на 14 март.