Turlitava.com

Меланија Трамп се врати во Белата куќа по 4 недели: Сите се обидуваат да дознаат дали сè е во ред во нивниот брак

Меланија Трамп исчезна на четири недели, а според информациите на CNN, воопшто не била во Белата куќа.

Откако речиси еден месец не се појави никаде, Меланија Трамп се врати во Белата куќа, каде што присуствуваше на вечера со претседателот Трамп и гувернерите на земјата.

Таа беше домаќинка на вечерата, што го истакна и нејзиниот сопруг.

„Дозволете ми да започнам со изразување благодарност до Првата дама на САД што беше домаќинка на оваа вечера“, рече тој.

„Напорно работеше за сè да биде убаво. Многу е добра во тоа… Ти благодарам за одличната работа, душо. Навистина одлично. Навистина прекрасно“, додаде тој.

Нејзиниот моден избор беше црно одело од Dolce & Gabbana, составено од тесно скроено сако со нагласен струк и тесни панталони. Го комбинираше со бела кошула од Ralph Lauren, а стајлингот го заокружи со салонки од Christian Louboutin. Странските медиуми го оценија нејзиниот изглед како гламурозен и елегантен.

Уште средината на јануари, Меланија изјави дека во текот на овој претседателски мандат на својот сопруг ќе поминува поголем дел од времето во Белата куќа, за разлика од првиот, кога живееше во Њујорк.

„Ќе бидам во Белата куќа, а кога ќе треба да бидам во Њујорк, ќе бидам во Њујорк. Истото важи и за Палм Бич“, изјави за Fox News.

Потоа исчезна на четири недели, а според CNN, не била во Белата куќа. Нејзиниот претставник за јавност одби да открие каде била за тоа време.

Exit mobile version