Turlitava.com

Шакира има ново момче?! Пејачката фатена на вечера со НБА ѕвезда

Двајцата го напуштиле ресторанот со разлика од две минути за никој да не се посомнева.

Пејачката Шакира (46) беше фатена во друштво на НБА ѕвездата Џими Батлер (33), поради што многумина се посомневаа дека двајцата се во тајна романса.

Кошаркарот и пејачката биле забележани во ресторан во Лондон каде заедно вечерале. Во ресторанот пристигнале посебно, нешто по 22 часот, а на крајот на вечерта секој тргнал по својот пат. Тие го напуштиле ресторанот со разлика од една минута, околу два и пол часот наутро, а обезбедувањето на НБА играчот ја придружувало Шакира до нејзиниот автомобил.

Според извор од местото на настанот, потенцијалната двојка изгледала расположена додека уживала во суши и коктели. Пејачката за оваа пригода избра елегантна црна комбинација која ја комплетираше со светкава чанта.

И двајцата се видени како уживаат во друштво додека се дружат во ресторанот, изјави извор за Е! Вести.

Инаку, самата пејачка ги подгреа гласините за нејзината романса со Џими, кога на крајот на мај објави видео од публиката на кошаркарски натпревар.

Батлер претходно беше поврзуван со Шеј Мичел и Селена Гомез, а ја има ќерката Рајли со поранешната девојка Кејтлин Новак. Тој вообичаено игра за Мајами каде што живее, па се поставува прашањето дали кошаркарот и пејачката ќе успеат да ја официјализираат врската и да ја одржат и покрај далечината.

Exit mobile version