Северина често на социјалните мрежи споделува различни искуства и настани од нејзините концерти, а сега се случи ситуација која малку ја збуни токму кога ја изведуваше песната „Моја штикла“.
Пејачката сподели видео во кое танцува и пее на сцената, додека еден член од нејзиниот тим одеднаш се појавил зад неа и клекнал да ја дофати и да ја „спаси“ обетката што на пејачката и испаднала без таа да забележи.
„Мислев дека ме касна куче, а тој само ја спасуваше обетката од мојата пета“, напиша пејачката под видеото.