Пејачката Дуа Липа (28) наскоро би можела да стане најбогатата британска поп ѕвезда, откако решила да ја прекине соработката со менаџерската компанија со која соработувала со години.
Покрај тоа, пејачката со албанско потекло родена во Лондон ги откупи правата за сите нејзини песни.
Деловниот потег што може да ја направи милијардерка дојде откако таа одлучи дека нејзината улога на менаџер ќе ја преземе нејзиниот татко, бизнисменот Дукаѓин Липа, со кого основаа нова компанија, Radical 22 Publishing Limited, како што пишува Daily Mail.
„Дуа сака да ја врати контролата врз кариерата, а Дукаџин е тука да и помогне“, рекол близок извор, додавајќи дека Дукаѓин Липа ќе направи се што е во најдобар интерес на неговата ќерка.
Инаку, поранешната менаџерска компанија и земала 20 отсто од вкупната заработка на пејачката.