Site icon Turlitava.com

НОВАТА СОПРУГА НА КАЊЕ СО ГОЛИ ГРАДИ И СО КРСТ НА ЗАДНИКОТ! Бјанка Ценсори како од мајка родена (ФОТО)

Новата сопруга на музичарот и дизајнер Канје Вест, Бјанка Ценсори, позираше за неговиот бренд „Yeezy“ речиси целосно гола. Целиот аутфит на Бјанка беше направен од лента за тело, од чизмите кои достигнуваа над коленото, па се до „кошулата“.

Сепак, фановите на Канје најмногу ги изненади фактот што тој реши да го покрие задниот дел на Бјанка само со парче лента во форма на крст.

Многу луѓе ја коментираа структурата на телото на Бјанка, која неверојатно потсетува на Ким Кардашијан, со која дизајнерот беше во брак осум години. Инаку, таа претходно била вработена во неговата фирма, а се венчале на почетокот на оваа година.

Нивната венчавка ја шокираше јавноста, особено што се случи само два месеци по официјалниот развод на Канје и Ким, а веднаш почнаа да пристигнуваат коментари и теории дека дизајнерот ја избрал Бјанка поради нејзината сличност со бившата.

Инаку, Ким го остави Канје по седум години брак и четири деца, бидејќи веќе не знаеше како да се справи со неговите проблеми и испади поради биполарното растројство од кое тој боледува со години. Ким ги потпиша документите за развод во февруари 2021 година.

Exit mobile version