Turlitava.com

Новак Ѓоковиќ: не можам да замислиам ден без оваа храна, тоа ми е омилениот појадок

Зад успехот на најдобриот светски тенисер стојат многу жртви. Сите кои го познаваат Новак Ѓоковиќ велат дека тој се труди се што прави да го доведе до совршенство. Секој ден се труди да јаде што е можно поздрава храна, избалансирани производи кои му даваат сила и леснотија на движење.

Ноле вели дека не може да замисли ден без одредена храна, пренесуваат медиумите.

Мојата омилена храна за појадок е овошјето и зелените смутиња. Не можам да го започнам денот без нив – открил Новак.

Исто така, Ѓоковиќ открива која храна е клучна за неговото опоравување во периодот на пауза за време на натпреварот.

Тенисот е различен спорт од кој било друг бидејќи нема исти физички барања. Во тенисот, мечот може да трае и до пет часа, за време на натпреварите најмногу јадам урми, понекогаш и малку банана, но најмногу урми. Пијам вода и два различни енергетски пијалоци, и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите – изјавил тенисерот.

Exit mobile version