Turlitava.com

„Не сум ја видела мојата природна форма на лицето 6 години“: Ќерката на Брус Вилис ги отстрани филерите, еве како изгледа сега

Талула Вилис, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ги отстрани филерите од лицето и на својот Инстаграм го сподели првото селфи по операцијата. Најмладата ќерка на познатите актери објави фотографија од својот природен изглед, без филери.

„Се плашев да го спомнам, но неодамна мојот филер се раствори откако беше емоционално и психолошки потрошен од она што мислев дека е направено – не го видов своето вистинско лице и структурата на коските цели 6 години. Сè уште се навикнувам на себе како Јас сум …“, искрено напиша Талула во својата објава.

Повеќето нејзини следбеници ја поздравија нејзината одлука да ги отстрани филерите. “Добра одлука и одлична објава. Имаш прекрасно лице”, “Вака си поубава”, “Не го криј повеќе твоето убаво лице. Ти си убава”, се дел од коментарите на нејзината објава.

Exit mobile version