Turlitava.com

Колку пари ќе му донесе „Пари“ на Стефан Лазаров?

Пари Стефан Лазаров

Секогаш уникатен и полн со изненадувања, најпознатиот македонски јутјубер и водител – Стефан Лазаров, се враќа на музичката сцена со нова песна насловена  „Пари“.

По кратка пауза, со новиот видео запис, 25 годишниот јутубер ја слави двегодишнината од отворањето на својот јутуб канал преку кој стекна голема популарност, а во моментов брои скоро 70 000 следбеници.

Видео записот за песната „Пари“, е режија на Томислав Живковиќ, а истиот е реализиран во Грција, што го потврдува фактот дека ова е досега најскапиот спот на Лазаров. Позади текстот, музиката и аранжманот на песната стои познатото македонското дуо „Два Бона“. Во спотот се појавува и македонскиот модел Сара Дојчиноска.

„Чувството да се биде повторно на музичката сцена по кратка пауза, е неописливо, а најмногу поради можноста преку музиката како уметност да споделам вистински емоции. Музиката ми дава можност да се претставам и искажам емотивно и на најдобриот начин на којшто знам. Сакам да се заблагодарам на целиот тим кој работеше на овој проект и да нагласам дека следува период на активно посветување на мојата музичка кариера.“ – изјави младиот мултиталент, Лазаров.

Стефан Лазаров во досегашната негова кариера брои неколку хитови кои можете да ги слушнете и погледнете на неговиот јутуб канал како „Ти“, „Мајко моја“, „Победник“ и други.

Во продолжение, погледнете го новиот видео запис за „Пари“ и големиот come-back на македонската сцена.  

Exit mobile version