Turlitava.com

Која е новата Мис Универзум?

Дваесет и тригодишната Шинис Паласиос влезе во историјата како првата жена од Никарагва која станала Мис Универзум. Паласиос е позната никарагванска манекенка и натпреварувачка за убавина која, пред да победи на изборот за Мис Универзум 2023, ја претставуваше Никарагва како Мис Никарагва на изборот за Мис на светот 2021 година, каде што се пласираше во најдобрите 40 натпреварувачки.

Паласиос ја започна својата кариера како модел и натпреварувачка на натпревари за убавина доста рано, па за прв пат ја „зеде круната“ на Мис Тинејџ Никарагва во 2016 година.

На изборот за Мис Универзум, таа изгледаше неверојатно во украсен, сребрен фустан кој зрачеше со убавина и елеганција, во комбинација со сјајна сина наметка, во чест на нејзината земја Никарагва, која има бело и сино знаме.

Таа е доста активна на Инстаграм каде има 651.000 следбеници, а популарна е и на ТикТок. Паласиос студирала масовна комуникација на Централноамериканскиот универзитет во Манагва и исто така била член на одбојкарскиот тим на универзитетот.

Како одговор на прашањето „Кога би можеле да живеете една година во чевлите на друга жена, кого би избрале и зошто? Паласиос ги покажа своите феминистички верувања избирајќи ја Мери Волстонкрафт, една од основачите на феминизмот.

– Би ја одбрала Мери Волстонкрафт бидејќи таа отвори врати и им даде шанса на многу жени. Би сакала тој јаз да се премости за да можат повеќе жени да работат во која било област што ќе ја изберат бидејќи не постои поле во кое жените не можат да работат – рече Паласиос.

Exit mobile version