Turlitava.com

Ким Кардашијан целосно го промени изгледот: Дали оваа фризура ќе направи големо враќање? (ФОТО)

Ким реши да ја скрати косата, па на еден неодамнешен настан се појави речиси непрепознатлива.

Ким Кардашијан имаше многу различни стилови низ годините, а сега го покажа својот сосема нов изглед на забавата „This Is About Humanity“ во Лос Анџелес. Ким изгледаше неверојатно додека одеше на црвениот тепих со нејзината мајка Крис и дебитираше со своите нови шишки.

Ријалити ѕвездата ја носеше долгата црна коса во реп, додека шишки и го врамија лицето.

Своите препознатливи облини ги истакна носејќи тесен црн макси фустан. Својот струк го нагласила со кожен ремен, а се завршила со чанта Шанел и златно ланче.

Ким доби многу комплименти за нејзиниот нов изглед, а нема сомнение дека ова ќе го привлече вниманието на шишките, па затоа очекуваме жените ширум светот да ги вратат на големо.

Exit mobile version