Балканската ѕвезда често изненадува со некои свои изјави, но кога е во прашање нејзиниот стил, ретко греши. Јелена Карлеуша често истакнува дека нема стилист и дека дизајнира свој изглед, кој подоцна е копиран од многумина.
Познато е дека неутралните и беж тонови и се омилени, а тоа го покажа и овој пат. Заедно со описот на сликата „Сакам неутрални бои“, Јелена се појави во широко кроени беж панталони со нагласени џебови и елек во ист тон.
Со оглед на тоа дека времето е се уште студено, таа облече и беж капут, а целиот изглед го заокружи со бела чанта од Диор, како и ефективни проѕирни очила. На нозете носеше модерни патики со платформа.
Немаме често прилика да ја видиме во патики, но секако одлично и стојат, а сето тоа ја прави да изгледа младешко и урбано.