Turlitava.com

Холивудскиот пар Ева Мендес и Рајан Гослинг неодамна изјавија дека не им дозволуваат на нивните деца да користат паметни телефони или социјални мрежи

Ева Мендес и Рајан Гослинг не зборуваа многу за нивниот личен живот за време на нивната врска која датира од 2011 година.

Но, во новото интервју, Ева Мендес зборуваше за Рајан Гослинг и нејзините ќерки, како и за тоа како ги воспитуваат.

Таа истакна дека не дозволува нејзините деца, кои се школуваат дома, да користат паметни телефони или социјални мрежи во нејзиниот дом и дека тоа е работа каде родителите грешат.

– Да го испратам моето дете на Интернет и да му кажам: „Ох, види нешто“, за мене е исто како да му кажам: „О, само оди по улица среде ноќ. Ќе бидеш добро. “, рече Ева.

– Знам дека тоа звучи екстремно, но јас така се чувствувам – додала актерката.

Инаку, Мендес и Гослинг ја добија првата ќерка Есмералда, која сега има 10 години, во септември 2014 година, а втората ќерка Амада, која има осум години, во април 2016 година.

Мендес рече дека таа и Рајан се обидуваат да им покажат на своите деца дека имаат привилегиран живот во споредба со повеќето луѓе во светот, раскажувајќи им приказни за тоа како и двајцата пораснале со малку пари.

– Им објаснувам што немав јас, што немаше Рајан кога беше мал, како и колку требаше да се бориме во животот. Но, никогаш навистина нема да го дознаат тоа, освен ако самите не го искусат – изјавила Ева.

Рајан Гослинг сподели дека глумел со Ева во „The Place Beyond The Pines“, а потоа сфатил дека сака да основа свое семејство со неа.

– Не размислував за деца пред да ја запознаам Ева. Кога ја запознав, сфатив дека едноставно сакам да имам деца со неа – рекол Рајан, пренесува Daily Mail.

Мендес некако се повлече од актерството за да се фокусира на своето семејство во 2014 година и да продолжи со други потфати како што е пишувањето сликовница за деца. Да потсетиме, веќе пишувавме за сликовницата која Ева ја напиша инспирирана од нејзините ќерки.

Exit mobile version