Секако, не можеме а да не забележиме дека Џенифер Лопез прави интересни модни потези. А едно од нејзините изданија, кое беше снимено пред неколку дена на улиците на Лос Анџелес, го привлече вниманието на љубителите на модата и луѓето на мрежите.
Латино дивата се појави во преголем тексас комбинезон. Иако е во тренд оваа сезона да се носи гломазна облека, а ова нејзино лежерно издание е навистина одлично, на социјалните мрежи веднаш почнаа да ја критикуваат дека изгледа како автомеханичар.
Сепак, не треба да заборавиме дека во нејзиниот случај, кежуал значи и многу скапо. Особено кога станува збор за други детаљи од овој стајлинг.
Самиот комбинезон е скап по наши стандарди, но не и на J.Lo – чини 647 долари и е од колекцијата на модниот бренд R13. Сепак, сето тоа е скромно за останатите делови од аутфитот. Чизмите се резултат на соработка на брендовите „Џими Чу“ и „Тимберленд“ и нивната цена е 1.295 долари.
Очилата за сонце Bottega Veneta чинат 550 долари, додека нејзината чанта Birkin чини дури 35.000 долари.
Накитот е посебна приказна. На тој ден таа носеше прстен од Диор (25.500 долари), нараквица Хермес Колие Де Чиен (1.225 долари) и обетки Џенифер Фишер Самира (275 долари).