Британската кралица Камила се појави во кралската ложа на Вимблдон, нејзино прво појавување на познатиот тениски турнир откако беше крунисана за кралица.
Британската кралица Камила присуствуваше на тенискиот турнир Вимблдон со нејзината помлада сестра Анабел Елиот. Таа носеше елегантен бел фустан со линии и се погрижи за деталите – масивен ѓердан, впечатливи обетки и алки.
Фотографите забележаа дека Камила е променливо расположена на трибините. Имаше чудни гримаси и движења, а во одредени моменти беше и поинтересна и потемпераментна од тенисерката на теренот.
Нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, е познат и по необичните изрази на лицето во јавноста.
Камила во одредени моменти се смееше, а потоа погледна наоколу, се прозеваше и изгледаше досадно. Малку подоцна таа жестоко навиваше поддржувајќи ги тенисерките.
До неа на трибините беше нејзината сестра Соња Анабел Елиот, која е дизајнер на ентериер и се занимава со антиквитети.