Холивудската ѕвезда Џенифер Лопез наполни 54 години, па со следбениците на Инстаграм сподели како изгледала во таа прилика.
Познатата холивудска ѕвезда Џенифер Лопез на 24 јули наполни 54 години, и по тој повод прослави со семејството и пријателите.
Џенифер блескаше во долг, сребрен фустан, кој нежно паѓаше над нејзиното тело, истакнувајќи ги сите атрибути.
Голиот грб беше одличен детаљ, со кој таа привлече дополнително внимание на себе. Што се однесува до фризурата – едноставно полурепче, додека целиот стајлинг го заокружи со броен накит.
Таа со своите следбеници на Инстаграм сподели неколку фотографии од прославата, на кои дури може да се види како се качува на маса и воодушевено игра и пее.
Сепак, актерката и пејачка не ја пропушти можноста да објави слики во минијатурно бикини, на кои покажува дека и на 54-годишна возраст се уште има бомбастична фигура.
Како изгледаше сето тоа погледнете на нејзиниот Инстаграм прфил.