Turlitava.com

Љубовен хороскоп од 3 до 9 март 2025 година: Вагите на голем тест, а еве кому му се враќа старата љубов

Венера, планетата на љубовта, денеска започна да се движи ретроградно во знакот Овен, што носи враќање на старите партнери. Ретроградната Венера ќе има силно влијание врз Овните, Стрелците и Лавовите, како и врз Вагите и Биковите, бидејќи таа е нивната владејачка планета.

Овен
Старата љубов се враќа во вашиот живот! Од сите знаци, вие најмногу ќе го почувствувате влијанието на ретроградната Венера, која ќе ви создаде конфузија во емотивниот живот. Ќе имате впечаток дека сте заробени во минатото.

Бик
Се чувствувате збунето и емоционално расеано бидејќи Венера станува ретроградна од 2 март. Плановите што ги правите сега лесно може да пропаднат, бидејќи ненадејно ќе направите пресврт кон минатото. Многу Бикови ќе посакаат помирување со стар партнер.

Близнаци
Работата ви одзема најмногу време, па немате многу трпение за љубов. Сепак, од едно пријателство лесно може да се роди љубов. Ќе ве привлекуваат Овните, но и секоја личност што покажува иницијатива.

Рак
Вие сте главниот иницијатор на секој однос во овој период. Очекувате многу, но сте подготвени и многу да дадете за возврат. Ако сте во брак, обидете се да избегнувате расправии само затоа што не знаете како да направите компромис.

Лав
Очекувајте нови познанства преку интернет. Сепак, многу Лавови ќе се заинтересираат за личност што ќе се појави од странство. Ова е добар период за заеднички патувања, но со можност за непредвидени проблеми.

Девица
Се наоѓате во турбулентен емотивен период. Поради тоа, Девиците што се во брак треба да ги „симнат розовите очила“ и реално да го согледаат партнерот. Ќе биде потребен голем труд за односот да опстои.

Вага
Ретроградната Венера во Овен е голем тест за љубовта. Постојните врски може да се најдат во криза, а новите односи ќе бидат под влијание на минатите искуства. Обидете се да не се враќате во минатото.

Скорпија
Ретроградната Венера најмногу ќе влијае врз вашето партнерство. Старата љубов ќе се врати во вашиот живот, а сигурно не сте подготвени за ваков емотивен пресврт. Подгответе се да се соочите со грешките од минатото.

Стрелец
Меркур во Овен ви носи љубовен состанок. Ќе се најдете во ситуација да бирате помеѓу личност од минатото и некој нов што ќе сака подобро да ве запознае. Бидете мудри во одлуките.

Јарец
И вам ви се враќа стара љубов. Ретроградната Венера ќе разбуди стари страсти, па ќе бидете ставени на голем тест. Сè ќе започне со безазлена комуникација. Еден Овен од минатото ќе инсистира да се видите.

Водолија
Очекувајте повик од минатото. Иако тоа нема да ви биде идеално, ќе размислувате за средба со личност што долго време не сте ја виделе. Ќе ви одговараат Овните и Биковите. Можно е познанство преку деловни контакти.

Риби
Ќе запознаете имуќна личност што ќе се обиде да ве освои со подароци. Можно е тоа да биде Овен. Во овој период, за вас е важно што некој прави за вас, а не што ви ветува.

Exit mobile version