Turlitava.com

Дали често се прашувате каде да нанесете парфем? Овие точки се најдобри

Моќта на парфемот не треба да се потценува. А дали некогаш сте се запрашале каде е најдобро да нанесете парфем?

Парфемот може да ги допре нашите емоции и да ни помогне да формираме спомени, како на пример кога мирисаме колачиња, кои не враќаат во кујната на нашата баба…

„Кога парфемот има способност да предизвика емоции, тој станува дел од нашите животи. Станува дел од личноста со која другите не поврзуваат“, изјави за „Vogue“ новинарката и авторка Клер Бингам.

Кога ќе го пронајдете вашиот мирис, се чувствувате непобедливо и имате можност да го задржите вашиот мирис во собата дури и кога ќе го напуштите.

Многумина осеќаат кога ќе дојдете по мирисот на парфемот што го користите, особено ако е впечатлив за сетилата.

Парфемите се прскаат на растојание од два до четири сантиметри, два, три или четири пати поради времетраењето на мирисната нота. Во зависност од тоа каде се нанесува парфемот, може да трае цел ден или да се одмириса за кратко време.

Парфемот е најдолготраен кога е најконцентриран. Откако ќе го најдете вашиот парфем, важно е да знаете каде да го испрскате, за неговата нота да биде реална и долготрајна на вашата кожа.

Парфемите се прскаат на пулсирачките точки, бидејќи ослободуваат топлина. Овие области помагаат полека да се ослободуваат аромите во воздухот – во текот на подолг временски период.

Exit mobile version