Turlitava.com

Бујната коса е сон на секоја жена: Совети кои ќе ви помогнат да имате здрава, густа и силна коса

Убава, густа и здрава коса е нешто што сите го посакуваме. Покрај бројните фактори, на нејзината состојба големо влијание има и генетиката. Затоа е многу важно да знаете како правилно да ја негувате косата и да користите квалитетни средства за миење и нега на коса кои не содржат штетни состојки во својот состав.

Опаѓањето и проретчувањето на косата се многу чести проблеми кои се јавуваат кај жените и кај мажите, а се јавуваат од различни причини. Најчеста причина за губење на косата е стресот, но хормоналната нерамнотежа и промената на годишните времиња исто така имаат влијание. Сепак, опаѓањето на косата може да се појави и како симптом на одредени болести или дури и како резултат на користење несоодветни третмани и агресивни производи. Иако слабеењето и опаѓањето на косата може да изгледаат прилично страшно, важно е да се истражи причината по што е важно да се вклучат производи кои ќе го спречат опаѓањето на косата и ќе го поттикнат растот на косата.

На пазарот има многу одлични производи за луѓе со тенка и ретка коса, а можете да најдете и одлични препарати кои го спречуваат опаѓањето на косата и кои ја регенерираат и придонесуваат за здрав изглед на косата. Шампоните против опаѓање на косата се многу практично решение и секој може да ги вклучи во својата рутина, а во аптеките се достапни и многу одлични производи. Со правилно урамнотежена исхрана и употреба на масла кои го стимулираат растот на косата, висококвалитетниот шампон против опаѓање ќе ја врати густината и здравиот изглед на косата, но и ќе го спречи понатамошното проретчување.

Ваквите шампони обично содржат клучни состојки за кои е докажано дека го стимулираат растот на косата, како што се биотин, кофеин, разни амино киселини, кератин, цинк итн. Дополнително, докажано е дека природните лекови како маслото од рузмарин и оризовата вода помагаат во растот на косата.

Експертите наведуваат дека луѓето со тенка и слаба коса треба да избегнуваат производи кои содржат сулфати, парабени и други состојки кои можат да ја иритираат косата и да ја намалат нејзината влажност.

Исто така, важно е да се запамети дека косата не може да стане здрава и бујна преку ноќ. Потребна е упорност бидејќи растот на косата е многу сложен и бавен процес и најважно е да најдете производи кои идеално ќе одговараат на вашиот тип и текстура на коса.

Exit mobile version