Затемнувањето на Месечината се случило денес, на 5-тиот степен на знакот Вага, во близина на фиксната ѕвезда Занија, која ја носи природата на Венера и Меркур.
Симболизира крај на циклус, фаза, завршување на нешто во корист на нешто друго. Затемнувањето на Месечината во знакот кој владее со односите, хармонијата, дипломатијата, укажува на период во кој ќе биде многу тешко да се дојде до дипломатски решенија за проблемите, неможност за постигнување компромиси и ексклузивност.
Ќе се шират разни гласини
Затемнувањето на Месечината во Вага ја има Венера во Риби за свој диспозитор, која се одвојува од конјукцијата со Сатурн, но која е сè уште активна. Во наредните денови најгласни ќе бидат токму оние кои немаат што многу да кажат. Каде и да слушнете „има нешто таму, не знаете…“, знајте дека нема ништо, вели еден познат астролог. Ајде внимателно да избереме кому ќе дадеме можност да не убеди во нешто во наредните денови. Да се држиме настрана од „сезнајковци“, заради сопствениот мир и ментално здравје.
Во моментот на затемнувањето, транзитниот Марс е во знак со Сатурн во Риби, па секакви видови на лудило ќе се множат! Ќе доминира менталната интоксикација со глупости и потребата од ширење гласини. Кој нема што да каже, види чуда, во наредните денови ќе измислат нешто и ете. Да не шириме муабети и да си мислиме на нашата работа и се ќе биде во ред.
Не започнувајте нова работа
Ќе ги прекинеме и работните места во кои немаме добри услови и ќе се отвориме за оние во кои нашите квалитети ќе излезат на површина. Но, затемнувањето во знакот Вага не е погодно за преговори и деловни зделки. Сега не треба да започнувате деловни соработки, да отворате фирми, да склучувате бракови, да се движите… Сето горенаведено, започнато во периодот што следи, има ограничено времетраење и неславен исход.
Здравјето е загрозено
На здравствен план, ова затемнување влијае на бубрезите, опасност од нивно откажување, бидејќи тоа се случува во знакот Вага, кој владее со овој сегмент. Опасност од мозочен удар, силни главоболки и повреди на главата поради положбата на Меркур покрај Хирон во Овен се нешто што може да се очекува во наредните денови. Паѓање во пожар, повреди од ладно оружје, афективност, вербални и физички конфликти, го земаат својот данок во наредните денови.
Љубов на испит
Затемнувањето во знакот Вага означува период на испрашување и емоционални падови. Диспозитор Венера, во Риби, се одвојува од Сатурн и оди на секстил со Јупитер во Бик, па во наредните денови и недели буквално ќе ја одвоиме пченицата од плевата, ќе ја отстраниме катарактата што ни го попречи видот и конечно ќе видиме некои луѓе во полн „сјај“, односно, мрак.
Ја знаете работата, кога ќе одите „по ѓаволите и назад“ за некого или нешто, а некој не би отишол ни пред куќата во спротивна насока? Знам дека знаете и сега е време да се откажете од таквото однесување! Штом тоа се случи, се отвораме за подобри приказни и врски во кои почитта и љубовта се взаемни, а претстојниот секстил на Венера во Риби и Јупитер во Бик зборува токму за таквите врски.
Не одете на естетски интервенции
Вагата е и знак на естетиката, уметноста и убавината, па затоа во наредните денови кога ќе има силно влијание на затемнувањето кај овој знак, не треба да правите естетски интервенции на лицето и телото, истакнува познатиот астрологот.
Еве како затемнувањето на Месечината влијае на вашиот знак:
ОВЕН – Проблеми со партнерите, раскинување на договорите, промена на брачниот статус, конфликти во јавност.
БИК – Здравствени проблеми, слаб имунитет и хормони.
БЛИЗНАЦИ – Превртување на нов лист во љубовта, проблеми со децата за оние кои ги имаат.
РАК – Промена на живеалиште, лоша здравствена состојба на едниот родител. Пресврт во љубовта на подобро.
ЛАВ – Опасност во сообраќајот, можност за документарен проблем и конфликт со сосед, роднина…
ДЕВИЦА – Поголеми трошоци и проблеми со финансиите.
ВАГА – Пресврти на сите полиња, потреба да се ослободите од баластот од минатото и да одите напред. Ризик од повреда и конфликт.
СКОРПИЈА – Несоница.
СТРЕЛЕЦ – Промена на плановите.
ЈАРЕЦ – Промена на деловната позиција, полошо здравје на едниот родител.
ВОДОЛИЈА – Промени во типот на судбината, одлука за нов правец во животот, можна промена на професијата, прекин на студиите и почеток на нови.
РИБИ – Завршувате со долгови, но учите и дека можете да се потпрете само на себе.