Turlitava.com

Пристигнува првиот ретрограден Меркур во 2026: 4 хороскопски знаци нема да знаат што ги снашло

Првиот ретрограден Меркур во 2026 година нè очекува на 26 февруари во знакот Риби и ќе трае до 21 март. Тој ќе има силно влијание врз Рибите, Стрелците, Близнаците и Девиците.
Ретроградниот Меркур во Риби внесува чувство на магла во секојдневното размислување и комуникација, па лесно се губи јасната граница помеѓу реалното и замисленото.

Расеаност
Мислите можат да бидат расфрлани, концентрацијата ослабена, а разговорите полни со недоречености, премолчени емоции или погрешно протолкувани пораки. Луѓето почесто го кажуваат она што го чувствуваат, но не секогаш и она што навистина го мислат, па недоразбирањата се чести, особено во емотивните односи.

Документите, пораките и договорите бараат дополнително внимание, бидејќи ситните пропусти или нејасните формулации подоцна можат да предизвикаат конфузија.

Враќање на старото
Овој период силно ја буди интуицијата, имагинацијата и внатрешниот глас. Соништата можат да бидат поживописни, а спомените од минатото ќе се појавуваат без јасна причина, често со силен емотивен набој.

Ретроградниот Меркур во Риби нè враќа кон нерешени приказни, неискажани зборови и стари чувства што бараат разбирање, простување или затворање на кругот. Наместо рационална анализа, доминираат емпатијата, сочувството и потребата работите да се почувствуваат, а не да се објаснат.

Ова е поволен период за креативна работа, пишување, музика и уметност, бидејќи потсвеста зборува погласно од вообичаено. Сепак, важните одлуки, потпишувањето договори и започнувањето нови проекти е подобро да се одложат или барем детално да се проверат. Ретроградниот Меркур во Риби нè учи на трпение, слушање меѓу редови и прифаќање на фактот дека не мора сè веднаш да биде јасно за да има смисла.

Exit mobile version