Turlitava.com

Овие хороскопски знаци воопшто не се согласуваат!

Понекогаш спротивностите се привлекуваат, но овие знаци се толку различни што нема да траат долго во врска или брак.

Како што веќе знаеме, астрологијата може да открие многу – за нашата личност, нештата што не прават среќни, правилната кариера и компатибилноста со личност од друг знак.

Неодамна е објавена листа на хороскопски знаци кои според експертите никогаш не треба да бидат заедно.

Овен и Рак

Понекогаш спротивностите се привлекуваат, но овие два знака се толку различни што нема да траат долго заедно. Бракот на почетокот би можел да изгледа хармоничен, но Овенот сака да доминира, а Ракот не сака такви луѓе или енергија, па се би завршило со разделба.

Бик и Риби

Големата разлика во соништата и амбициите помеѓу овие два знака најверојатно ќе доведе до развод. Бикот сака успешна кариера и угледен семеен живот, додека Рибите се послободоумни и не се чувствуваат удобно кога треба да исполнат одредени очекувања.

Близнаци и Јарец

Недостатокот на комуникација, премалиот компромис и разликата помеѓу брзиот начин на живот на Близнаците и организираниот Јарец ќе доведат до развод.

Лав и Скорпија

Два многу силни знаци, тврдоглави и темпераментни, нема долго да траат заедно. По првичната страст, следува сè потежок период. Нивниот брачен живот станува неподнослив поради постојаните расправии и напнатоста во куќата.

Exit mobile version