Turlitava.com

Неделен хороскоп од 18 до 24 септември: Биковите подготвени за деловни ризици, Вагите во големи љубовни планови

Хороскопските знаци ќе имаат многу интересна недела проследена со деловен, здравствен и љубовен тобоган.

ОВЕН

Работа – Сакате да придонесете на многу начини, па често сте исцрпени. Ја трошите енергијата и на непотребни работи. Меркур во лоши аспекти ќе предизвика чести конфликти на работа. Ќе бидете избрзани и ќе погрешите поради недоволно размислување.

Љубов – Планирате многу да се сретнете со една личност со која се допишувате. Ова е добар период за решавање на проблемите со саканите луѓе. Работете на вашата комуникација и не избрзувајте со заклучоци. Многу сте нетрпеливи!

Здравје – Замор.

БИК

Работа – Комбинацијата на планети во вашиот знак предизвика потреба од промена. Тешко ви е затоа што немате место и сакате се да промените. Ќе преземете драстичен чекор, не само кога станува збор за работата, туку и за вашите целокупни навики. Подготвени сте да ризикувате иако тоа не е толку карактеристично за вас.

Љубов – Во фаза сте кога уживате во секаков вид комуникација со личноста за која се грижите. Сепак, зголемените тензии го земаат својот данок. Нон стоп се премислувате и партнерот понекогаш не може да ве препознае.

Здравје – Чувствително.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Станавте многу нетрпеливи, па често го кажувате она што не го мислите. Размислете двапати пред да донесете одлука која можеби изгледа правилна во моментот, но всушност е избрзана. Ќе го изгубите трпението во текот на следните неколку дена на работа.

Љубов – Иако лесно се впуштате во флерт, љубовните врски не се лесни. Тие се многу затегнати и партнерот има големи барања. Често се расправате за финансиите, што доведува до тензија.

Здравје – Стрес.

РАК

Работа – Ви претстои стресна недела. Ќе има многу недоразбирања меѓу вас и вашите соработници. Очекувајте да вложите двојно повеќе труд за најобични работи. Ова е тест за издржливост за вас.

Љубов – Вашите емотивни врски многу страдаат поради работата. Преоптоварени сте, па не знаете каде прво да одите. Партнерот не ве разбира баш најдобро, па најдобро е да не влегувате во расправии.

Здравје – послабо.

ЛАВ

Работа – Ви претстојат многу проблеми поврзани со работата. Ве очекуваат ненадејни шокови и пресврти. Всушност, ништо нема да биде како што сте замислиле. Подгответе се за промени во плановите и нов период. Можна е промена на работното место.

Љубов – Во љубовта има кулминација на врската, бидејќи ќе имате минимум трпение за партнерот. Оваа недела е критична и обидете се да избегнете расправии.

Здравје – болки во грлото.

ДЕВИЦА

Работа – Немате повеќе трпение за какви било ситуации на работа. Неделата што претстои ви носи зголемена нервоза и напнатост поради недоразбирање во комуникацијата. Ќе имате недоразбирања со Овенот и Близнаците.

Љубов – Веројатно сте го идеализирале партнерот и сега е време реално да ја погледнете ситуацијата. Ќе ви биде тешко, но дефинитивно е време да бидете пореални.

Здравје – Главоболка.

ВАГА

Работа – Ќе имате мали недоразбирања во комуникацијата во наредните денови. Поради избрзаноста и желбата што поскоро да ги завршите обврските, ќе бидете принудени на грешки. Обидете се да забавите. Очекувате подобрување на финансиската состојба.

Љубов – Имате големи планови во љубовта, но засега се е околу договори. Ова е време на можност да разговарате со партнерот за проблемите што ве мачат. Ако сте слободни, водолијата ќе ви се додворува.

Здравје – Добро.

СКОРПИЈА

Работа – Функционирате со недостаток на енергија и затоа сте успорени. Веќе размислувате за подолг одмор. Нема да трпите никакви притисоци и критики и затоа ќе бидете подготвени да влезете во дискусија.

Љубов – Склони сте да донесувате изненадувачки одлуки, па можно е да почувствувате потреба да се дистанцирате од партнерот. Доколку сте слободни, очекувајте зголемени пораки преку социјалните мрежи.

Здравје – Замор.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Ќе забележите дека сте многу подобро организирани на работа. Ќе имате можност да им помогнете на другите, а тие ќе го ценат вашето мислење. Ова е недела на поволни деловни ризици.

Љубов – Многу ви се случуваат на емотивен план. Некои Стрелци ќе размислуваат за проширување на семејството. Ќе имате повеќе од една можност да влезете во романса. Ненадејни пресврти во љубовта!

Здравје – Стабилно.

ЈАРЕЦ

Работа – Обидете се да останете оптимисти на работа. Ведриот дух нема да ве остави, па работната недела нема да биде тешка. Финансиските грижи се уште постојат, но треба да бидете штедливи.

Љубов – Ќе доживеете емотивно разладување. Доста се одалечивте од партнерот, бидејќи поминувате низ процес на промени. Најдобро би било да не донесете некоја драстична одлука сега. Ќе бидете изненадени од одговорите на некои луѓе преку интернет.

Здравје – Подобрете ја вашата исхрана.

ВОДОЛИЈА

Работа – Не знаете ни да опишете низ каков период поминувате. Сè се менува, а вие исто така. Очекувајте големи промени на работа, а можеби и промена во професионалната насока. Многу од вашите планови отидоа во сосема друга насока и ќе видите дека тоа беше судбоносно.

Љубов – И вие поминувате низ љубовна криза. Ќе имате чести расправии, бидејќи го губите трпението. Поминувате низ фаза која никој не може да ја разбере, затоа потрудете се да бидете потрпеливи.

Здравје – Чувствително.

РИБИ

Работа – Неделата што претстои ви носи зголемена комуникација. Ќе имате некои непријатни разговори кои нема да ви се допаднат. Склони сте да донесувате радикални одлуки, бидејќи не се чувствувате најдобро за насоката на ситуацијата на работа.

Љубов – Една личност ве оптоварува со неговите финансиски проблеми. Тоа ви прави дополнителен притисок. Ако вашиот партнер инсистира да се објасните, врската само ќе се влоши.

Здравје – Несоница.

Exit mobile version