Turlitava.com

Неделен хороскоп до 6. април 2024 година: Овните ги чекаат конфликти на љубовен фронт, Скорпиите ги очекува романса на крајот на неделата

Дознајте што ви предвидува неделниот хороскоп од 31. март до 6. април, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се разберете со семејството, како ќе ве служи здравјето, љубовта…

Овен

Работа: Спојот на вашиот владетел Марс и Сатурн во астролошкото поле на пречки оваа недела го намалува вашиот ентузијазам. По 2 април, кога Меркур, симболот на бизнисот и комуникацијата, оди ретроградно над вашиот знак, избегнувајте потпишување договори. Во текот на последната четвртина од Месечината на полето на кариерата, во средината на периодот, треба да избегнувате расправии со жените.

Љубов: Вашата нетрпелива природа, во првиот дел од неделата, може да биде причина за триење со саканата личност, особено ако се работи за Скорпија. Планетата на љубовта, Венера, која управува со вашиот однос со партнерот, на 5 април влегува во вашиот знак, па преку пријател можете да запознаете атрактивна личност. Стрелецот сака да ве види.

Здравје: Намален имунитет.

Бик

Работа: Ретроградното движење на Меркур, владетелот на вашата работа и креативност, низ астролошката куќа на тајните непријатели, по 2 април, предупредува на претпазливост при договарање и потврдување на важни документи. Последната четвртина од Месечината во Јарец, во средината на периодот, на мајските бикови им носи профит од односите со странци, патувањата. Внимавајте да не ве измамат кога се во прашање парите.

Љубов: На почетокот на април ќе сретнете личност која доаѓа од пат или ќе ја сретнете на предавање. Владетелот на партнерските односи, Марс близок до Сатурн, негативно влијае на вашиот емотивен живот. Влегувањето на вашата владетелка Венера во полето на тајните, по 5 април, навестува бурна романса со зафатена личност.

Здравје: Промени во расположението.

Близнаци

Работа: Вашиот владетел Меркур, кој управува и со вашиот бизнис, оди ретроградно на 2 април, предупредувајќи ве да бидете внимателни кога работите со странци. Во првиот дел од периодот ги добивате вистинските совети од Водолијата. Во средината на неделата, во текот на последната четвртина од Месечината во Јарец, избегнувајте непотребни трошоци и инвестиции. На крајот на неделата бидете потолерантни кон вашите соработници.

Љубов: Веќе на почетокот на периодот, положбата на Месечината, симбол на емоции, навестува триење во комуникацијата со партнерот. Венера, владетел на астролошкото поле на љубовта, влегува на полето на општествениот живот на 5 април, па самците Близнаци можат да запознаат Овен во клуб или на забава. Романтична покана од Вага.

Здравје: Подложност на повреди.

Рак

Работа: Ретроградното движење на Меркур низ Овен, по 2 април, ве предупредува да водите повеќе сметка за тоа какви договори правите. Во текот на последниот квартал од Месечината во Јарец, во средината на периодот, земете повеќе сметка за правната рамка на деловното работење. Напнатиот аспект помеѓу Марс и Сатурн во деветтата астролошка куќа ви носи проблеми во аранжманите со странци оваа недела.

Љубов: Во првиот дел од неделата слободните Ракови очекуваат интересна средба со личност која живее во друг град или држава, додека зафатените околу 2 април партнерот ќе сака да ја наметне својата одлука за заедничко прашање. Планетата на љубовта, Венера, влегува во Овен на 5 април, со што преку работа ви носи вовед со шармантна личност.

Здравје: Дополнителна внимателност во сообраќајот.

Лав

Работа: Марс, на почетокот на периодот прави напнат аспект со Сатурн, што ви носи проблеми со финансиите. Меркур, владетелот на вашиот бизнис, оди ретроградно на 2 април, поради што ќе мора да промените некои планови. Бидете внимателни со патните документи. Во текот на последната четвртина од Месечината во Јарец, во средината на неделата ве очекуваат конфликти со колегите. Внимавајте што потпишувате.

Љубов: Ве очекува заладување на односите со саканата личност, поради нејзината презафатена работа. Транзитот на љубовната планета Венера над страсниот Овен, по 5 април, навестува влегување во романса со некој на пократко патување. Аспектот меѓу Венера и Уран, владетелот на партнерските односи, им носи на слободните Лавови средба со Вага.

Здравје: Одморете се повеќе.

Девица

Работа: Вашиот владетел Меркур, кој управува и со вашата кариера, на 2 април ќе оди ретроградно низ астролошката куќа на финансиите и ризикот, па избегнувајте непотребни трошоци и земање заеми. Во текот на последната четвртина од Месечината во Јарец, во средината на неделата, ќе бидете успешни доколку вашата работа е поврзана со некоја креативна или спортска активност. Слушајте ги советите на Бикот.

Љубов: По 5 април, Венера влегува во Овен, што ви носи страсна средба со некој кој работи во банка, берза или се занимава со ризична професија. Напнатиот аспект на Марс и Сатурн, во астролошката куќа на партнерските односи, на почетокот на неделата може негативно да влијае на комуникацијата и односот со саканата личност.

Здравје: Можно задржување на вода во организмот.

Вага

Работа: Ретроградното движење на Меркур, владетелот на вашата интуиција и планови, по 2 април ве предупредува да не брзате да потпишувате важни договори, особено ако работите со странци. Вашата и владетелка на вашите финансии, Венера, по 5-ти април ви носи извонредни трошоци, особено ако сте присутни во јавноста поради работа, пракса, дипломатија.

Љубов: Спојот на Марс и Сатурн, планетата на страста и ограничувањата, ви носи заладување на односот со вашата сакана. Во моментот на последната четвртина од Месечината на астрлошкото поле на приватност, во средината на периодот можни се конфликти со брачниот другар и членовите на семејството. Слободната Вага очекува да запознае Лав.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

Скорпија

Работа: Ретроградното движење на Меркур, планетата на логиката и комуникацијата, по 2 април, предупредува дека оваа недела не треба да ги заострувате односите со колегите, туку да најдете заеднички јазик со нив. Во текот на последната четвртина од Месечината, во средината на неделата, успех ги очекува Скорпиите кои се занимаваат со интелектуална работа или работа која вклучува чести патувања. Слушајте ги советите на Јарецот.

Љубов: Напнатиот аспект на Марс и Сатурн во астролошкото поле на страста, оваа недела најавува љубоморни сцени поради посесивноста на партнерот, особено ако се работи за Јарец или Овен. Венера влегува во Овен на 5 април и ви носи романса со некој кој работи во здравствена установа или во услужната индустрија.

Здравје: Подложност на повреди.

Стрелец

Работа: Сонцето, кое владее со вашата креативност, прави добар аспект со Уран, што ви носи успех доколку се занимавате со пишување или услужни активности. Последниот квартал на Месечината во астролошката куќа на работа, кон средината на неделата, најавува зголемување на приходите преку недвижности, градежништво, архитектура, трговија со земјоделски производи. Слушајте го советот на една Водолија.

Љубов: Ретроградното движење на Меркур, кое управува со вашиот емотивен живот, по 2 април, негативно влијае на комуникацијата со саканата личност. Венера, планетата на љубовта, влегува во куќата на љубовта на 5 април, носејќи ви страсна средба со еден Овен. Вашиот сопружник не го разбира многу вашиот начин на решавање на проблемите.

Здравје: Напнат нервен систем.

Јарец

Работа: Добриот аспект помеѓу Сонцето и Плутон, планетата на моќта и големите пари, ви носи зголемување на приходите преку бизнис со странци, нови технологии, маркетинг, туризам. Во текот на последната четвртина од Месечината во вашиот знак, во средината на периодот, може да добиете понуда да склучите профитабилен партнерски аранжман. Кон крајот на неделата можни се вонредни трошоци.

Љубов: Ретроградниот транзит на Меркур низ Овен, по 2 април, предизвикува конфликти и расправии со најблиските и членовите на семејството. Позицијата на Венера која на 5 април влегува во знакот Овен ја поттикнува вашата љубомора. Напнатиот аспект на Марс и вашиот владетел Сатурн, на почетокот на неделата ви носи проблем со роднините.

Здравје: Чувствителен систем на коски-зглобови.

Водолија

Работа: Нагласената астролошка куќа на парите, каде оваа недела спојот на Марс и вашиот совладетел Сатурн, планетата на ограничувањата и одложувањата, негативно ќе влијае на вашата работа. Последната четвртина од Месечината во Јарец, на 2 април, ве предупредува да внимавате што потпишувате. На крајот на неделата можете да добиете понуди за профитабилни аранжмани со непознати. Слушајте го советот на една Вага.

Љубов: Меркур, „задолжен“ за вашиот љубовен живот, оди ретроградно во средината на неделата, што може да ви донесе средба со стара симпатија. Проблемот во комуникацијата со женет или долгогодишен партнер се крие во начинот на кој се справувате со проблемите кои се однесуваат на вас двајцата. Стрелецот мисли на вас.

Здравје: Чувствителен стомак.

Риби

Работа: Веќе на почетокот на неделата ќе треба да ги одложите плановите за соработка со странци од прекуокеанските земји. Во текот на последната четвртина од Месечината во Јарец, на 2 април, парите ви доаѓаат преку големи социјални и медиумски проекти. Венера, планетата на парите, на 5 април влегува во астролошкото поле на парите и ви носи непланирани трошоци. Слушајте го советот на Рак.

Љубов: Со четири планети во полето на вашата личност, вашата популарност кај спротивниот пол се зголемува, но изразеното влијание на вашиот владетел Нептун, блиску до Венера, ве прави склони кон заблуди. Ретроградното движење на Меркур, владетелот на партнерските односи, во средината на периодот ве доведува да запознаете некого преку интернет.

Здравје: Проверете ја тироидната жлезда.

Exit mobile version