Site icon Turlitava.com

Љубовен хороскоп до 22 јули! Бикот копнее по нешто ново, Вагите имаат повеќе симпатии, а еве кој има среќа во љубовта

Венера, планетата на љубовта, е во Лав и на пат да оди во ретроградна (23 јули), затоа подгответе се за повици од минатото.

ОВЕН
Во поповолен период сте за љубов. Ја напуштивте фазата во која бевте нервозни и премногу агресивни и влеговте во фаза во која ќе имате редовни можности да уживате во друштво на луѓе кои ви се допаѓаат. Ако сте слободни, тоа ќе ви овозможи да пронајдете љубов и да го промените статусот.

БИК
Можеби чувствувате дека љубовниот живот ви станал монотон или блокиран на одреден начин. Ќе сакате да искусите нешто ново и дефинитивно ќе имате можност да запознавате или да поминувате време со повеќе допадливи луѓе, но ништо од тоа нема да оди толку далеку колку што би сакале.

БЛИЗНАЦИ
Во наредната недела на работното место најмногу ќе се случуваат пријатни настани, а таму ќе стапите и во контакт со некои атрактивни личности. Поради ова, можна е афера или флерт со некој со кој работите или со кого сте се запознале преку работа.

РАК
Во овој период ќе бидете невообичаено вербални во искажувањето на вашата наклонетост, што добро ќе резонира кај партнерот или која било личност што ви се допаѓа. Можно е да покажете дека се грижите на некој многу јавен начин.

ЛАВ
Изгледа следната недела ќе бидете поканети на некој настан или место за забава, каде одлично ќе се забавувате и ќе привлечете големо внимание. Вашиот шарм, отвореноста за комуникација и нови познанства ќе создадат можности за љубов.

ДЕВИЦА
Може да се каже дека ќе имате среќа оваа недела. После долг период на нестабилност, конечно ќе дојдете во ситуација да уживате и да бидете задоволни како изгледа вашиот љубовен живот или што ветува. Сигурно е можно да започнете љубовна врска.

ВАГА
Во последно време првенствено сте заинтересирани за флерт и разговор со личноста која ви се допаѓа. Можеби ќе имате повеќе интереси, а интеракциите обично ќе се одржуваат на површно ниво и ќе се сведуваат на комуникација.

СКОРПИЈА
Во наредниот период ќе бидете склони кон платонски и врски на далечина. Планетарните транзити ја истакнуваат можноста вашиот љубовен живот да добие токму таква форма. Можна е и тајна врска или афера, како и тајна љубов.

СТРЕЛЕЦ
Веќе некое време имате среќа во љубовта, а така ќе биде и следната недела. Доколку сте во врска, хармонијата ќе биде пред се ваша заслуга, а не заслуга на партнерот. Партнерот можеби нема да биде на иста бранова должина со вас, па утеха ќе барате во флерт со некој друг.

ЈАРЕЦ
Влезете во период во кој лесно ќе се дружите и ќе запознавате повеќе нови луѓе кои ќе ве привлечат. Некои од овие луѓе ќе останат само пријатели, но барем еден ќе биде отворен за можноста да стапи во романтична врска со вас.

ВОДОЛИЈА
Во наредниот период нема да имате толку многу можности, ниту пак следната недела ќе биде толку важна за вашиот љубовен живот. Страста е сè уште присутна во вашата врска, но нешто помалку интензивна. Ова е добро затоа што ќе донесе одредена стабилност.

РИБИ
Прилично сте повлечени, особено во последно време, поради што немате многу можности да најдете љубов. Ќе мора активно да се обидете да излезете, бидејќи само така ќе ги зголемите вашите шанси.

Exit mobile version