Turlitava.com

Љубовен хороскоп до 14 октомври! Овните запознаваат нова личност, Лавовите пукаат од страст, а Скорпиите…

Секој хороскопски знак го очекува возбудлива недела кога е љубовта во прашање, а Овенот треба особено да внимава.
Еве што очекува секој хороскопски знак кога е љубовта во прашање:

ОВЕН
Можно е да запознаете некој сосема нов или барем да имате потреба да направите промена и да започнете сосема нова врска. Ако веќе сте во врска, тоа може да предизвика проблеми во врската бидејќи нема да бидете толерантни.

БИК

Добро ќе се сложувате со партнерот, но некои лични проблеми кои ќе се појават може да ја оптоварат врската. Ќе мора да се справите со нив и да бидете многу поинтроспективни од вообичаено доколку сакате да имате хармоничен љубовен живот.

БЛИЗНАЦИ
Ова нема да биде особено возбудлива недела, но ќе има важни настани на љубовен план. Ќе научите многу за себе и за вашите потреби во врската, особено се што е поврзано со несигурности и емоционална посветеност.

РАК
Многу работи се случуваат во вашиот љубовен живот, но не многу позитивно во моментов. Се чини дека не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност. На тоа ќе му дојде крајот во наредниот период. Ќе треба да се потрудите подобро да комуницирате.

ЛАВ
Следната недела ќе бидете многу страствени и пред се заинтересирате за физички контакт со личноста која ви се допаѓа. Внимавајте поради ова да не бидете погрешно разбрани, бидејќи емоциите и страстите треба да се избалансираат за да може врската да биде хармонична.

ДЕВИЦА
Ќе бидете многу енергични и магнетни во наредниот период, па ќе привлечете големо внимание. Ова внимание најмногу ќе ви биде непријатно бидејќи ќе барате нешто посебно, а не минлива авантура. Можна е врска со некој кој е познат или влијателен.

ВАГА
Ќе испеглате што тргнало наопаку во вашата врска, бидејќи во изминатите денови имавте можност да забележите дека има работа. Исто така, ако сте слободни, може да развиете романтични чувства кон некој од вашиот круг на пријатели.

СКОРПИЈА
Можно е вашиот остар јазик и преголемата критика да ве чинат скапо минатата недела. За среќа, нема да бидете толку експресивни во наредниот период. Многу подобро ќе се согласувате со сите, вклучително и со партнерот, а можно е и поранешна љубов да ви се врати во животот.

СТРЕЛЕЦ
Можна е врска со некој кој е ваш претпоставен или кој сте го запознале преку работа. Луѓе кои се високо образовани, интелектуалци и странци ќе ве инспирираат да сакате. Можно е и романтично патување или љубов на патување.

ЈАРЕЦ
Нема да бидете премногу заинтересирани за љубовта следната недела, но можеби повторно ќе се поврзете со некој од вашето минато со некој кој моментално не живее во ваша близина, можеби веќе не ни во истата земја. Затоа, можно е да започнете врска на далечина.

ВОДОЛИЈА
Немате среќа во последните недели кога се во прашање врските, особено љубовта. Лоша комуникација и нервоза, нестабилност и кавги, сето тоа беше дел од вашиот љубовен живот и вашето секојдневие. Затоа, следната недела ќе се обидете да ја подобрите ситуацијата.

РИБИ
Ќе се чувствувате ограничени поради некоја ситуација во љубовниот живот. Многу сте прилагодливи, но понекогаш тоа ве заморува. Ова се случува пред се поради вашиот избор на партнер и нестабилноста во врската предизвикана од нервозата на партнерот.

Exit mobile version