Turlitava.com

Љубовен хороскоп до 12 август! Скорпиите ги кријат чувствата, Лавовите флертуваат, а еве кој ќе започне заеднички живот

Ретроградната Венера силно гази, па создава хаотични ситуации во емотивните односи. Во текот на август ќе има актуелни повици од минатото.

ОВЕН
Ве очекува возбудлива недела во која ќе имате среќа да запознаете многу атрактивни луѓе. Ќе бидете опкружени со атрактивни и весели луѓе. Доколку веќе сте во врска, во наредниот период ќе има многу подобра атмосфера.

БИК
Следната недела ќе биде недела за воспоставување рутини во врската и за усогласување на навиките и распоредот помеѓу вас и вашиот избраник. Доколку сте слободни, не е исклучена можноста за љубов, евентуално со некој со кој сте во професионална корелација.

БЛИЗНАЦИ
Ова е време за љубов за Близнаците и особено оние кои го имаат овој знак на асцендент. Ќе бидете расположени за забава, весели и шармантни. Сè на сè, ќе бидете среќни бидејќи вашиот љубовен живот ќе функционира совршено.

РАК
Акцентот ќе биде ставен на куќата и домаќинството, па може да се случи да одлучите да живеете заедно со партнерот или едноставно да уживате во домашната атмосфера и интимните моменти поминати меѓу четири ѕида. Нема да бидете расположени за авантури.

ЛАВ
Во наредниот период ќе бидете склони кон флерт и провокативна комуникација со другите, поради што сигурно ќе бидете привлечни. Сепак, неделата не ветува ништо конкретно, туку само можен контакт со некого и поврзаност на ниво на комуникација.

ДЕВИЦА
Сеуште ќе имате среќа кога станува збор за љубовта, но на самиот крај сте на поволен период и треба да ја искористите првата половина од неделата за да пронајдете љубов ако веќе не сте ја пронашле или да ја зацврстите постоечката врска со квалитетно трошење на време со вашиот партнер.

ВАГА
Од оваа недела ќе бидете многу поотворени во изразувањето наклонетост и подготвени да доживеете конкретни позитивни промени во љубовната сфера. Навикнати сте да бидете на пасивна страна и да привлекувате како цвет со својот шарм додека другите се тие кои активно се обидуваат да ве освојат.

СКОРПИЈА
Можеби ќе се случи нешто што ќе ве натера да почнете да ги криете своите чувства. Ако сте во врска, тоа може да биде само затоа што ќе развиете романтични чувства кон некој друг. Да не зборуваме какви сè проблеми може да предизвика тоа.

СТРЕЛЕЦ
Социјалниот живот ќе ви стане многу побогат и околностите ќе се уредат така што ќе има многу дружења и контакти, како нови, така и оние со веќе познати личности. Поради ова, ќе има многу можности за љубов.

ЈАРЕЦ
Почнувајќи од следната недела, ќе ве интересираат луѓе кои можат на некој начин да ги прошират вашите хоризонти, од кои можете да научите нешто. Не е важно дали тоа е затоа што се високообразовани луѓе или затоа што припаѓаат на друга култура.

ВОДОЛИЈА
Можно е некој да ви приреди пријатно изненадување или уживање. Дарежливоста на таа личност ќе ви го направи животот многу подобар и целосно ќе ве освои, па ќе бидете склони да возвратите на некој начин.

РИБИ
Во периодот што следи ќе имате малку помалку можности и малку помалку среќа во љубовта, но сепак е поволен период. Можете лесно да најдете љубов и да влезете во позначајна врска. Потрудете се да ги искористите можностите што ви се нудат, одлучувајќи се за некого и држејќи се до вашата одлука.

Exit mobile version