Овен
Не можете да бидете целосно посветени на работата затоа што некој ви го одвлекува вниманието. Лошите колегијални односи на некој начин ве фрустрираат. Сè уште нема да започнете нова врска бидејќи не сте расчистиле што треба со бившиот. Можна е главоболка.
Бик
Иако обично сте многу вредни, пред вас е период во кој ќе сакате малку одмор од работата. Нервозни сте и лесно влегувате во конфликт со саканата личност. Вашата врска е на работ на криза. Ве следи несоницата.
Близнаци
Ве очекува генерално добар ден во кој можете да го постигнете она што го сакате на љубовно поле. Ве очекува интересно познанство со личност која на некој начин е поврзана со вашата блиска околина. Ви треба релаксација.
Рак
Доколку очекувате некои големи промени на работното поле, денес е поволен ден за тоа. Љубовта меѓу вас и вашата сакана цвета. Убаво е кога сте заедно и сте посветени еден на друг. Можни се помали проблеми со грбот.
Лав
Доколку се надевате на помош или позитивни предлози од колегите, денес може да бидете разочарани. Саканата личност не покажала доволно иницијатива во односот со вас, што на некој начин влијае и врз вас. Проблеми со нервниот систем.
Девица
Бидете подготвени да се посветите на работата што е можно повеќе доколку сакате да ги постигнете своите цели. Вашите високи очекувања би можеле да ве доведат до разочарување на љубовно поле. Вашата кожа е чувствителна и склона кон иритација.
Вага
Денеска ќе ве придружува среќа на деловен план. Затоа би било добро да се вклучите што повеќе во посакуваните промени. Ви се допаѓа чувството на слобода и засега не сте подготвени за нова врска. Се чувствувате добро и немате никакви проблеми.
Скорпија
Размислувате за шанса да ја смените работата. Можно е да ви се посочат можности за некоја дополнителна заработка. Саканата личност е подготвена да ви се посвети и да работи заедно со вас за да решите некои проблеми. Вашиот проток на крв е чувствителен.
Стрелец
Можни се потешкотии на деловното поле. Доколку денес барате работа, нема да имате многу среќа. Партнерот би можел да ги покаже своите вистински бои, а тоа што го гледате нема да ви се допадне. Склони сте на алергии.
Јарец
Во вашето деловно опкружување лесно може да се појават некои проблеми и несогласувања кои не ги очекувате. Наскоро ви доаѓа раскинување на емотивната врска, иако се надевавте дека ќе го избегнете. Зголемете го внесот на витамини.
Водолија
Ќе имате можност да решавате проблеми на деловно поле. Ќе бидете задоволни од вашиот ангажман. Денес ќе бидете подготвени да и пријдете на личноста која ви се допаѓа и да го покажете вашиот интерес. Уживате во спортувањето.
Риби
Можно е да започнува фазата на промени на деловното поле. Малку се плашите од неизвесност, дури и ако тоа не го признавате. Чувствувате дека партнерот се однесува поинаку со вас. Можеби сте преоптоварени. Внимавајте на исхраната.