Turlitava.com

Дневен хороскоп за 08.08.2023: Добар ден за пари на Овенот, Стрелецот добива деловна понуда, Водолијата е подготвена за промени

Horoskop

Овен

Последната четвртина од Месечината помеѓу Јупитер и Уран во астролошката куќа на работа, ви носи можност за солидна заработка, особено ако сте приватно лице. Поради положбата на Венера, која владее со вашиот љубовен живот, саканата личност очекува поголемо внимание од вас.

Бик

Последната четвртина од Месечината во вашиот знак ви носи пари. Аспектот помеѓу вашиот владетел Венера и Уран во Бик ве тера да се фокусирате на уредување на вашиот животен простор. Позицијата на Меркур, владетел на финансиите на полето на креативноста, ги фаворизира уметниците.

Близнаци

Нагласена астролошка куќа на интуицијата и имагинацијата, со Месечината, владетел на вашата работа и финансии, во фазата на последниот квартал ви одговара доколку се занимавате со некоја креативна работа. Аспекти на Марс, покренуваат на акција кај родените во втората декада на знакот.

Рак

Последната четвртина од Месечината на астрлошкото поле на социјален ангажман, контакти со странци и професионален развој им носи пари на родените во втората деценија од знакот. Запознавање со Скорпија или Риби, преку социјална мрежа или интернет.

Лав

Последната фаза на Месечината, владетелот на вашата интуиција, блиску до Јупитер во астролошката куќа на кариерата, ве прави подготвени за успешно спроведување на некој профитабилен проект, доколку сте августовски Лав. Напнатиот аспект со вашиот владетел, Сонцето, ве прави збунети.

Девица

Поради последната четвртина од Месечината, која владее со вашиот социјален живот, во близина на Јупитер во деветтата куќа, фокусирани сте на договори со странци и патувања. Поради тригонот со Марс во вашиот знак, во тек се аранжмани за работа на креативен проект.

Вага

Последната четвртина од Месечината, која владее со вашата кариера, блиску до Јупитер во астролошката куќа на финансиите, ризикот и конкуренцијата, ви носи приходи преку работа со скратено работно време. Септември и Вагите родени во втората декада од знакот можат да се потпрат на Лавот.

Скорпија

Последната четвртина од Месечината, која владее со деветтата астролошка куќа, блиску до моќниот Јупитер, планетата на големото богатство и патувања, ви носи профитабилни договори со странци, заедно со емотивен или деловен партнер. Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец

Последната четвртина од Месечината, блиску до вашиот владетел Јупитер, во астролошката куќа на парите, ви носи многу обврски но и примамливи деловни понуди од непознати. Родени на крајот на знакот, имаат поддршка од Јарец, а ноемврискиот Стрелец на Скорпија.

Јарец

Ви одговара последната четвртина од Месечината во Бик, блиску до Јупитер, планетата на парите и соработката со странци на астрлошкото поле на ентузијазмот. Спротивноста помеѓу вашиот владетел Сатурн и Меркур негативно влијае на односот со љубовниот партнер.

Водолија

Во текот на последната четвртина од Месечината, владетелот на шестата астролошка куќа, која „паѓа“ во знакот Бик, ќе бидете решени да направите некои промени кога станува збор за бизнисот, но и за навиките во приватниот живот. Добивате покана за запознавање од Лав или Овен.

Риби

Последната четвртина од Месечината, владетелот на вашата креативност, блиску до вашиот совладетел Јупитер во Бик, ви помага да воспоставите подобри односи со соработниците. Родените во третата декада, очекуваат успех на полето на алтернативните или традиционалните форми на лекување.

Exit mobile version