Хороскопските знаци имаат свои слаби точки, па затоа се препорачува да внимавате на нив.
Ова се здравствените слабости на секој хороскопски знак:
Овен
Овенот ја губи контролата во напнати ситуации. Тие се импулсивни и брзо реагираат, па совет за нив е да се обидат да научат како да се контролираат.
Значи, да научат да бројат до 10 кога имаат бес, или веднаш да се прошетаат или да прават некои вежби. И кога гневот ќе почне да стивнува, започнете со релаксација, како бавно и стабилно дишење.
Овенот најчесто чувствува напнатост во мускулите на главата, челото и вилицата. Со помош на техники за релаксација, прво мора да научат да ги опуштаат овие делови од телото.
Но, Овенот пред се мора да го отстрани непотребниот стрес од нивните животи и да им дозволи на луѓето да се разликуваат од нив.
Бик
Биковите се генерално мирни и можат да се контролираат. Но, и Бикот може да биде наметлив и лесно да експлодира во тие моменти. Конфликтот најчесто се случува кога Биковите се соочени со некој кој е потврдоглав од нив.
Кај Бикот напнатоста е главно изразена во мускулите на вратот и вилицата, но и во горниот дел од грбот. Тоа е предизвикано од напнатоста на цервикалниот ‘рбет.
На биковите им се препорачува повремено да си дадат одмор преку физички вежби и мирен разговор за своите чувства. Исто така, кога ќе почувствуваат дека доаѓа нервоза, треба да започнат со длабоко дишење и релаксација на мускулите.
Близнаци
Кога Близнаците се под стрес, напнатоста се акумулира во рамената, градите, рацете и дланките.
Така, на првото навестување на конфликт, почнете да дишете длабоко. Веднаш штом ќе почувствувате нервоза, забавете го дишењето и почнете да ги релаксирате мускулите за да ја намалите напнатоста во најранливите области. Загревајте ги рацете што е можно почесто.
Близнаците, инаку, пукаат од енергија која понекогаш преминува во напнатост. Постојано бараат нови искуства и предизвици, а во исто време почнуваат да прават многу работи. Кога ќе влезат во состојба на стрес, тие имаат тенденција да кажуваат работи што не треба.
Близнаците би морале да сфатат дека ништо не добиваат со тоа што се нервираат поради тривијални работи. Ако претчувствувате дека ќе скокнете од кожа, треба да застанете за момент и да размислите за несаканите последици што може да ги имате по зборовите изговорени во лутина.
Рак
Припадниците на овој знак се пречувствителни, па често се многу напнати. Кога се вознемирени, тие се способни со сета сила да удрат по причината за нивниот гнев. Иако обично се пасивни, тие можат да бидат лути многу долго. Честиот гнев или чувството на непријателство ги јаде и може да предизвика големи физички пореметувања во телото.
Напнатоста на ракот е најочигледна во градите и стомакот. Стресот негативно влијае на дишењето и на дигестивниот систем.
Се препорачува, кога ќе почувствувате дека вашата анксиозност или возбуда се зголемува, да почнете да дишете со стомакот. Ќе ги опуштите виталните делови од телото со помош на техниката за релаксација на мускулите.
Лав
Најчеста причина зошто Лавот се чувствува под притисок е кога некој се обидува да го засени или исмејува. Со оглед на тоа дека се окупирани со гордост и со зачувување на своето достоинство, тие се навикнати да го контролираат својот темперамент.
Лавот може да се изнервира ако некој се обиде да го спречи да уживаат во нешто. Ако Лавот е под прекумерна напнатост, последиците ќе се почувствуваат на отчукувањата на срцето, вратот или дури и нарушен вид.
Затоа, штом почувствувате дека ја губите контролата, концентрирајте се на правилното дишење. Правете вежби за истегнување секој ден за да го одржите ‘рбетот флексибилен што е можно подолго.
Девица
Овој знак делува релативно опуштено, но знаат и да се нервираат, особено поради глупави работи. Тие се грижат за сè многу повеќе отколку што може да претпостават луѓето околу нив. Доколку фрустрацијата трае предолго, ефектот врз здравјето на припадникот на овој знак може да биде многу сериозен.
Напнатоста влијае на нервниот систем и органите за варење, а резултатот е дека целото тело е под стрес.
Затоа, кога ќе почувствувате дека ќе се налутите, најдете мирно место, макар и само во вашата глава. Без разлика каде се наоѓате, забавете го дишењето и обидете се да го задржите длабоко. Секојдневно шетајте и правете лесни вежби кои ќе ве релаксираат.
Вага
Вагите се многу чувствителни на напнати ситуации, особено кога тие се предизвикани од лични односи. Тие лесно се исфрлаат од рамнотежа ако дојдат во конфликт со оние за кои се грижат. Тие ќе направат речиси сè што е во нивна моќ за да избегнат конфликт. Животот би бил многу поедноставен за Вагите доколку престанат да се грижат за тоа како да им угодат на сите.
Во Вага, напнатоста обично е концентрирана во грбот, на ниво на бубрезите и во близина на половината. Кога ‘рбетот е напнат, страда целиот организам.
Лекот за напнатост се вежбите за истегнување кои треба да се прават секој ден за да се одржи флексибилноста на ‘рбетот.
Кога веќе ќе видите дека иритацијата не може да се избегне, обидете се да дишете полека и мирно, така што стомакот ќе ви се крева со секој здив. Вежбајте да ги загревате рацете или вежбајте техника за релаксација на мускулите секој ден.
Скорпија
Емоциите на овој хороскопски знак се толку силни и длабоки што тие наоѓаат причини за стрес во секојдневниот живот.
Мистериозните Скорпии копнеат секогаш да имаат контрола и да акумулираат многу напнатост во себе. Нивната околината не е свесна за тоа.
Во овој знак, стравот, лутината и фрустрацијата влијаат на телото да ослободи деструктивни хормони, што како крајна последица може да има сериозни психолошки нарушувања.
Од витално значење за Скорпиите е да научат како да се справуваат со стресот. Тие можат да го постигнат тоа со вежбање и намалување на прагот на чувствителност. Напнатоста може да влијае и на нивниот сексуален живот, како и на нивниот дигестивен тракт.
Препораката за Скорпиите е да започнат со абдоминално дишење и релаксација на мускулите во напнати ситуации, што најефективно ќе ги ослободи од напнатоста.
Стрелец
Стрелците реагираат на прекумерна напнатост преку претерување со храна и пијалоци. Стрелците се склони кон дебелеење, што особено се зголемува за време на стресни периоди.
Стрелците треба да внимаваат да не се тешат со храна.
Исто така, кога ќе почувствуваат дека се раздразливи, треба да започнат со редовно и длабоко дишење. Притоа, не треба да ја занемаруваат релаксацијата на мускулите, која најбрзо ја отстранува напнатоста.
Јарец
Јарецот претставува екстремен случај на самоконтрола и ориентација кон одредена цел. Тие се толку преокупирани со тоа да остават добар впечаток, но научија да го држат својот темперамент, особено ако покажувањето лутина може да направи да изгледаат лошо.
Јарците се многу строги кон себе, па напнатоста што ја чувствуваат во повеќето случаи е резултат на претешките и преголеми барања што самите си ги поставуваат.
Препораката за Јарците е понекогаш да се опуштат, да излегуваат во природа и да ги мирисаат цвеќињата, а напнатоста незабележливо ќе исчезне.
Во стресни ситуации, зглобовите на Јарецот болат. Коските, колената или другите зглобови се подложни на повреда во такви ситуации, бидејќи движењето е несмасно.
Се препорачува при првотo навестување на стрес да започнете со длабоко дишење и релаксација на мускулите, бидејќи ова е најлесниот начин да се елиминираат непријатните физички несакани ефекти од напнатоста.
Водолија
Водолиите цврсто го контролираат својот темперамент и емоции. Иако сака промени, таа има главно стабилни ставови. Како интелектуална личност по природа, Водолијата со задоволство им простува на другите за нивните маани, недостатоци и маани.
На водолиите им пречи и лути очигледната неправда. Кога нечие однесување ќе ги испровоцира и ќе го стави во состојба на напнатост, тие се обидуваат се да решат со својата исклучителна вештина на смирен и логичен разговор. Доколку другата личност не е подготвена за разговор, совет за Водолиите е да се оградат од проблематичната ситуација, ако е можно.
Деликатниот нервен систем на Водолијата реагира негативно на стресот, а тоа дополнително влијае на нивниот ум и тело. Често чувствуваат напнатост во нозете и долниот дел на грбот. Тие се склони кон грчеви во нозете, кои обично се резултат на стрес.
Се препорачува, кога ќе почувствуваат вознемиреност, веднаш да започнат со вежби за длабоко дишење и релаксација на мускулите. Тие треба да обрнат посебно внимание на нозете и грбот.
Риби
Рибите се способни да акумулираат толку многу напнатост со текот на времето што може да ја уништи нивната емоционална состојба и да го загрози нивниот мир. Стресот влијае на нивниот имунолошки систем.
Бидејќи се многу чувствителни, никогаш не сакате некого намерно да повредат, иако конфликтите понекогаш се неизбежни.
Препораката за Рибите е да се одморат, особено кога минуваат низ период од животот со многу проблеми. Исто така, не треба да претеруваат во ништо, дури и во емотивната сфера.
Кога се чувствуваат нервозни, Рибите треба да одат некаде мирно. Тие треба да дишат длабоко, да ги опуштат мускулите и да ја намалат напнатоста. Тие исто така треба да го одржуваат нивото на енергија со јадење храна со ниска содржина на масти и холестерол и вежбање најмалку три пати неделно.