Turlitava.com

5 Мај – Ден на македонската азбука

Денеска го одбележуваме Денот на македонската азбука – симбол на нашиот идентитет, култура и јазик.

Македонската кирилица била стандардизирана на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Македонија донела одлука за официјализирање на современата македонска азбука. Овој историски чекор го постави темелот за развојот на современиот македонски литературен јазик и негова употреба во образованието, медиумите и јавниот живот.

Азбуката содржи 31 буква и претставува уникатен израз на нашиот јазичен и културен идентитет.

Овој ден е потсетник дека јазикот е жива врска меѓу минатото, сегашноста и иднината. Тој не само што не’ дефинира како народ, туку ни дава глас, збор и место во светот.

Да ја негуваме, користиме и чуваме македонската азбука – секој ден, со секој напишан збор.

Exit mobile version