ЗДРАВЈЕ

Не е само зачин: Чајот од ловоров лист помага и при кашлица

Иако ловоровиот лист најчесто се користи како додаток во јадењата, не треба да го игнорираме фактот дека ова растение е исклучително лековито.

ловоров лист

Ловоровите листови можат да помогнат при мачнина, замор и да го регулираат шеќерот во крвта. Едно истражување покажа дека консумирањето 3 грама ловоров лист дневно го намалува нивото на гликоза кај луѓето со дијабетес тип 2. Покрај тоа, ова растение го забавува стареењето, има смирувачки ефект и особено е ефикасен за проблеми со респираторниот тракт, бидејќи помага да се исфрли слузта од белите дробови.

Рецепт за чај од ловоров лист

Чајот од ловоров лист е одличен како лек против сите видови кашлица бидејќи благотворно делува на слузокожата на грлото и душникот.

За да го подготвите потребни се 250 мл вода и 4-5 ловорови листови.

Во сад (ѓезве) ставете суви или свежи ловорови листови и прелијте ги со 250 мл ладна вода. Кога водата ќе зоврие, чајот треба да се вари уште 5 минути.

Оставете го чајот покриен да отстои уште 10 минути, пред да го испиете, па процедете го. Листовите имаат многу ароматичен, горчлив и силен вкус, поради што во чајот можете да додадете малку сок од лимон или мед.

Subscribe
Notify of
1 Коментар
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] имате ловоров лист, не треба да одите во аптека, бидејќи неодамнешните […]

Back to top button
close