ЗДРАВЈЕ

Кои овошја и зеленчуци на себе имаат најмногу а кои најмалку пестициди?

Секоја година, организацијата „Environmental Working Group (EVG)“ ги анализира најновите податоци од Министерството за земјоделство на САД (USDA) со цел да создаде листа на храна, односно неорганско овошје и зеленчук со најмногу и најмалку пестициди.

Во соопштението на организацијата се наведува „дека секоја изложеност на пестициди е проблем, бидејќи знаеме како тие можат да му наштетат на здравјето на човекот, особено на децата“.

Овошје и зеленчук

Иако бројните студии спроведени на најпрестижните светски универзитети со години укажуваат на поврзаноста на пестицидите и здравствените проблеми, научниците истакнуваат дека постои решение. Имено, се покажа дека замената на неорганското овошје или зеленчук со органски речиси моментално го намалува нивото на овие штетни хемикалии во човечкото тело, пишува „National Geographic“.

Список на овошје и зеленчук со најмногу пестициди

Од 46 различни видови на овошје и зеленчук, овие 12 имале најмногу остатоци од пестициди:

Јагоди
Спанаќ
Кељ
Праски
Круши
Нектарини
Јаболка
Грозје
Пиперки
Цреши
Боровинки
Боранија

Резултатите се добиени со собирање 46.569 примероци од најпопуларните овошја и зеленчуци, кои потоа биле измиени и исчистени како што секој од нас би направил дома. По миењето, речиси 75 отсто од неорганските свежи производи што се продаваат во САД содржеле остатоци од пестициди, од кои некои се забранети со години.

Она што е ново во споредба со лани е што годинава боранијата и боровинките се најдоа на листата на намирници со најмногу остатоци од пестициди, бидејќи кај нив е констатирана загрижувачка концентрација на пестициди поврзани со болести на нервниот систем. Од друга страна, дињата е отстранета од листата на намирници со најмалку пестициди и на неа се додадени морковите.

Список на овошје и зеленчук со најмалку пестициди

Од 46 различни видови овошје и зеленчук, овие 15 имаат најмалку остатоци од пестициди:

Авокадо
Пченка
Ананас
Кромид
Папаја
Сладок грашок
Аспарагус
Диња
Киви
Зелка
Печурки
Манго
Слатки компири
Лубеница
Моркови

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close