ЗДРАВЈЕМОЈА КУЈНА

Јадете палента или качамак за вечера – еве и зошто!

Палента или качамак е добар извор на витамини и помага при чистење на цревата.

Овој оброк содржи доволно минерали, нутритиви и витамини за да ја задоволи потребата на телото за нормално функционирање. Палентата има големо влијание врз спречувањето на разни болести, како и врз целокупното здравје на човекот.

палента

Таа во својот состав има природни масти, и токму тие здрави маснотии придонесуваат за подобра работа на цревата.

Палентата исто така е одлична и во борбата со килограмите, бидејќи влијае на доброто и здраво варење на храната. Пченката е заслужна за добрите дејства од ова вкусно јадење.

Веднаш зад пченицата и оризот, пченката важи за најважната житарица на светот. Таа е една од најдобрите намирници, која човечкиот организам го исполнува со долготрајна позитивна енергија.

Пченичното брашно содржи голем број хранливи состојки, како на пример фолна киселина, витамини Б6, К и Е. Исто така може да се пофали со голема содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на малиот број калории кои ги содржи пченката, која е основна состојка на палентата, ова јадење е идеално за сите кои сакаат да ослабат. Тоа е една од намирниците кои се препорачува за луѓето кои се на диета. 100 грама палента содржи околу 380 калории.

Палентата е исто така одличен избор за деца и бебиња. Здрав оброк, кој децата ќе го обожаваат, посебно ако се искомбинира со јогурт или зеленчук.

Дополнителна причина за конзумирање на ова јадење е тоа што го спречува наглиот пад на имунитетот.

Ова е одличен рецепт како да подготвите палента…

Потребни состојки:

300 гр палента
400 гр фета сирење
1 лажица сол
4 лажици масло за јадење
500 мл вода

Начин на подготовка:

Палентата се става во посолената вода, се меша додека се загрева, а кога ќе зоврие се меша уште 10-тина минути.

Потоа се става во чинија и во неа се додаваат парчињата од фета сирењето.

Добар апетит…

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close