ЗДРАВЈЕ

Да слабееме како индијанките со помош на компири

Се тврди дека до 3 кг за 3 дена може да се согорат со компир во исхраната. Оние кои сакаат да ослабат може да направат неколку варијанти на компир диети кои ги почитуваат јужноамериканските Индијанци. Тие не само помагаат да се одземеме од вишокот килца, но и ги прочистуваат цревата.

компири

Прва опција – Измијте 1,5 кг компири и запечете ги во рерна без да ги лупите, па коричка ќе им поцрни. Поделени  на 6 порции и  јадате ги во текот на целиот ден без сол, без масло или зачини. Освен тоа во текот на денот се пијат  течности не помалку од 3 литри. Алкохолот е забранет. Овој режим се применува 3 дена. Совој режим може да се симнат до 3 кг.

Втора опција – 1,5 кг компири се варати се делат на 4-6 порции. Две од порциите се консумираат без зачини, а со другите може да се додаде малку путер или масло, сок од лимон и сол. Времетраењето на диетата е 1 недела.

Трета опција – 1,5 кг компири се мијат и се печат во рерна или се варат, без да се лупат. Се зачинуваат со малку масло и сок од лимон, додадете им  лук и магдонос. Од овие компири може да си направите и пире со вода, со додавање на мала лажичка масло. Кон оваа опција може да се држите 15 дена, без да наштети на вашето здравје, затоа што организмот добива секој ден по 1250 калории, речиси целосната дневна норма на протеини и витамини Б1  и Ц.

 

Напишете коментар

Back to top button