УБАВИНА

Совети за бели заби и убава насмевка

Клучниот дел за убава насмевка секако се здравите и бели заби. Здравјето и убавината се испреплетени т.е. зависат едно од друго. Се што е здраво по себе носи и да изгледа убаво. За да се чувствувате убаво и сигурни во себе битно е како ќе изгледате и дали може слободно да се насмеете без да ја ставате раката на вашата уста.

бели заби

Расипаните заби се носители на лош здив што уште повеќе ја зголемува несигурноста. Најважно за вашите заби е редовна орална хигиена. Се препорачува забите да се мијат после секое јадење. Се поставува четката под агол од 45 степени од вашите непца и се прават кружни движења околу 3 мин. На тој начин правилно ќе ги измиете вашите заби и ќе ги отстраните непотребните бактерии. Менувајте ја четката на секои 2 месеци и редовно посетувајте стоматолог барем еднаш во 6 месеци.

Одбегнувајте темни и газирани пијалоци, виното и цигарите исто ја нарушуваат белината на забите, а со тоа и убавата насмевка. Тоа се некои начини кои може да помогнат вашата насмевка да изгледа природно. Техники кои се безболни и препорачливи за оние кои не сакаат да ризикуваат со хемиски третмани кои за жал понекогаш може да предизвикаат чувствителност и болка.

 

Напишете коментар

Back to top button