УБАВИНА

Како до побели нокти?

Најчестите причини за пожолтување на ноктите се пушењето и лаковите за нокти со формалдехид. Проблемот е што заедно со ноктот плочка, жолтее и кожата околу неа. Еве неколку продукти, со кои можеме да ги избелиме:

Сок од лимон
Во мала чаша мешаме лимонов сок со малку топла вода. Со памук ги триеме ноктите и кожата околу нив.

Парче лимон со кора
Го сечете лимонот на четири дела. Земете еден дел, цедејќи малку сок од него во чашка (истиот ден го користите за чај или супа). Со полусувото парче ги триете ноктите. Потоа измијте ги рацете со топла вода и намачкајте ги со крем.

Домат
Со парченце домат ги триете ноктите и прстите на рацете. Може да си направите и каша од домати – изрендајте ги доматите на големо ренде и накиснете ги рацете во доматната каша.

Камилица
Подготвувате силен чај од камилица, додајте го во чинија и додека водата е топла, натопете ги прстите. Нежно масирајте и бришете ги ноктите. Овој метод е поштедлив од третманот со лимон, а резултатите ќе ги видите по три постапки.

Сол и сода
Растворете 1 лажичка сол и 1 лажичка сода бикарбона во чинија со топла вода и натопете ги прстите на рацете.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close