ЗАНИМЛИВОСТИ

Речениците по кои светот ќе ја памети Кралицата Елизабета: Ова се мудростите која таа ги остави зад себе

Кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, а оваа вест ја погоди и Велика Британија и целиот свет. Ќе остане запаметена по нејзината мудрост и по остроумноста што ја истакна.

Првата меѓу нив беше за важноста на одморот за успех во животот.

„Сите ние треба да ја постигнеме вистинската рамнотежа помеѓу акцијата и мислата. Со толку многу одвлекувања, лесно е да се заборави да се запре и да се направи пресек“.

Втората е поврзана со семејните односи кои никогаш не се совршени.

„Како и сите најдобри семејства, така и нашето има свој дел од ексцентричности, правливи и своеволни млади и семејни расправии“, ја цитира Дејли Меил изјавата на кралицата во 1989 година.

Секогаш се бореше за правата на жените. Тоа го докажала со укинувањето на предноста на мажите пред жените кога станува збор за наследувањето на британската круна.

„Тешко е да се разбере дека жените во Британија имаа право на глас само пред нешто помалку од 50 години, но од Парламентот првпат беше побарано да го одобри пред 100 години“, рече кралицата, како што пренесува Индипендент.

„Сепак, и покрај овие недостатоци, жените беа оние кои вдадоа нежност и грижа во суровиот напредок на човештвото“, додала таа.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close