ЗАНИМЛИВОСТИ

Кои се најмоќните пасоши за 2023 година?

Јапонскиот пасош и годинава се најде на врвот на листата на најмоќни пасоши.

Според минатогодишните податоци на лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и престој “Henley & Partners”, најголеми бариери за патување била епидемијата предизвикана од корона вирусот.

Оваа година ситуацијата во овој поглед е нешто поинаква, а војната во Украина е посочена како главен проблем – затворањето на воздушниот простор и отворањето на границите за бегалците. Поради тоа беа воведени построги гранични контроли.

Резултатите од извештајот претставуваат податоци кои оваа компанија ги мери врз основа на бројот на дестинации до кои може да пристапат имателите на пасоши без да бараат виза. Покрај тоа, еден од клучните фактори во мерењето е она што се нарекува „директна врска помеѓу силата на пасошот и пристапот до глобалната економија“.

И така во 2023 година, петта година по ред, Јапонија се најде на врвот на листата, чиј пасош им овозможува на нејзините сопственици безвизен пристап до 193 земји, кои сочинуваат 98 отсто од светската економија, пишува National Geography.

За споредба, на граѓаните на најниско рангираните земји, како Авганистан со 27, Ирак со 29 или Сирија со 30 дестинации, практично им се ускратени можностите за економска мобилност и раст.

Србија годинава се најде на 38. место, како земја чии граѓани можат да патуваат во 136 земји без виза.

Што се однесува до регионот, најдобро пласирана земја како и претходните години е Унгарија на 9-то место, потоа Словенија на 11-то место, која за разлика од лани не е во топ 10. Потоа Хрватска која е на 18-то место, Србија на 38-то, додека Северна Македонија го зазеде 44-то, Црна Гора на 49-то, а Босна и Херцеговина на 51-то место на листата.

Ова се најмоќните пасоши за 2023 година:

1. Јапонија 🇯🇵 (193)

2. Сингапур 🇸🇬, Јужна Кореја 🇰🇷 (192)

3. Германија 🇩🇪, Шпанија 🇪🇸 (190)

4. Финска 🇫🇮, Италија 🇮🇹, Луксембург 🇱🇺 (189)

5. Австрија 🇦🇹, Данска 🇩🇰, Норвешка 🇳🇴, Шведска 🇸🇪 (188)

6. Франција 🇫🇷, Ирска 🇮🇪, Португалија 🇵🇹, Обединетото Кралство 🇬🇧 (187)

7. Белгија 🇧🇪, Нов Зеланд 🇳🇿, Швајцарија 🇨🇭, САД 🇺🇸, Чешка 🇨🇿 (186)

8. Австрија 🇦🇺, Канада 🇨🇦, Грција 🇬🇷, Малта 🇲🇹 (185)

9. Унгарија 🇭🇺, Полска 🇵🇱 (184)

10. Литванија 🇱🇹, Сливачка 🇸🇰 (183)

Најслабите пасоши во 2023 година:

102. Северна Кореја 🇰🇵 (40)

103. Непал 🇳🇵 (38)

104. Сомалија 🇸🇴 (35)

105. Јемен 🇾🇪 (34)

106. Пакистан 🇵🇰 (32)

107. Сирија 🇸🇾 (30)

108. Ирак 🇮🇶 (29)

109. Авганистан 🇦🇫 (27)

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close